Европа
Германија потврди дека нејзин разузнавач шпионирал за САД
Висок функционер на германските разузнавачки служби потврдил за весникот Frankfurter Allgemeine am Sontag од неделата дека еден од агентите на агенцијата BND, кој е уапсен во средата, шпионирал за САД.
„Сите траги укажуваат дека работел за Американците“, навел високо позиционираниот соговорникот на весникот.Според пишувањата на повеќе германски медиуми, истиот разузнавач наводно своите услуги им ги понудил и на руските разузнавачи и контактирал со конзулатот на Русија во Минхен, и така биле откриени неговите активноста на двоен агент.Овој 31-годишник разузнавач на германската BND работел за американските разузнавачки служи од крајот на 2012 година и украл повеќе од 200 документи, пишува Frankfurter Allgemeine am Sontag. Покрај тоа собирал информации и документи за германската парламентарна комисија основана по добивањето на сознанијата за масивното шпионирање на американска Агенција за национална безбедност NSA во Германија, вклучително и на високи државни функционери.Овој млад човек, вработен во одделот на BND за должен за заштита на германските војници во странство, успеал наводно да предаде само два документа.На прашањето за оваа афера на редовната конференција за медиумите во петокот, портпаролот на германската влада Стефен Зајберт изјави дека канцеларката Анела Меркел била информирана за случајот дури во четвртокот. „Германската влада ќе ги почека резултатите од истрагата. Станува збор за голема афера“, истакнал портпаролот.Претходно во саботата Германија го повика американскиот амбасадот во Берлин, по апсењето лицето за кое се тврди дека шпионирало во полза на САД. Американскиот амбасадор Џон Б. Емерсон беше повикан „во врска со истрагата на сојузниот обвинител“, соопшти Министерството за надворешни работи на Германија. Притоа се наведува дека од американскиот дипломат „била побарана помош за брзо разјаснување на наведениот случај“.Германската јавност минатата година беше силно разбранувана и вознемирена од сознанијата дека американската Агенција за национална безбедноsт (NSA) имала целосна контрола над електронските комуникации во Германија, вклучително и на канцеларката Ангела Меркел, но реакцијата на Берлин засега беше ограничена само на дипломатски протести.Американската Агенција за национална безбедност NSA, е осомничена дека ги шпионирала и странските челници на земји или влади, меѓу кои и мобилниот телефон на германската канцеларка, за што кон крајот на октомври 2013 година пишуваа германските медиуми. Der Spiegel на своето интернет издание ланскиот јули објави дека според документите со коишто располага NSA, Меркел се наоѓала на американската листа за прислушување уште од 2002 година, а била на неа и неколку седмици пред посетата на американскиот претседателот Обама на Берлин во јуни во 2013 година.Според извештајот на кој се повика Bild am Sonntag, следењето на Меркел било проширено не само на нејзиниот телефон кој го користела за контакт со нејзината партија, туку и нејзиниот владин мобилен телефон. Во NSA ги пресретнувале нејзините повици и пораки, а надвор од дофатот на прислушувањето на американската служба останала само фиксната телефонска линија во кабинетот на канцеларката.Цел на NSA, според Bild am Sonntag, бил и претходникот на Меркел, канцеларот Герхард Шредер. Програмата за прислушување на германските челници започнала во 2002 година во времето на американскиот претседател Џорџ В. Буш помладиот, откако германската влада откажала да учествува во воената кампања во Ирак. Оваа одлука на Берлин, наводно, поттикнало сомневање во Вашингтон во германското сојузништво. Според медиумите, и прислушувањето на Ангела Меркел започнало таа 2002 година, три години пред да стане канцеларка.Како што пишуваше Die Spiegel, во документите што ги поседува, исто така, се говорело и дека покрај NSA и американската Централна разузнавачка агенцијa CIA ги следела комуникациите на владиниот комплекс во Берлин од амбасадата на САД којашто се наоѓа во центарот на германската престолнина. Во зградата на амбасадата биле поставени современи антени со најголеми засилувачи, пишува весникот. Во документот датиран од 2010 година, произлегува дека истата опрема е инсталирана од страна на NSA и CIA во околу 80 градови во светот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%
Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека закупот на живеалишта се зголемил за 21,1%, покажуваат податоците на Евростат.
Додека кириите бележат стабилен раст без поголеми турбуленции, цените на становите имале осцилации, со периоди на застој и фази на екстремно брз раст.
Унгарија рекордер по поскапување
Кога се набљудуваат поединечни земји, Унгарија е апсолутен рекордер по поскапување, со раст на цените на становите од 2015 година од дури 275%.
Покрај Унгарија, цените се повеќе од удвоени во уште 11 земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде порастот надминал 150%.
Единствена земја со поевтини станови
Финска е единствената земја каде цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, со благо намалување од 2%.
Во наведениот период, зголемување на станарините е забележано во сите членки на ЕУ, а најтешка е ситуацијата во Унгарија, каде кириите се зголемени за 107%, односно повеќе од удвоени.
Висок раст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде станарите се соочуваат со поскапувања од над 70%, објави Евростат.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.

