Контакт

Политика

МТВ: Постапките за гасификација се поништени за да се обезбедат подобри услови за граѓаните и компаниите

Објавено пред

Целта на поништувањето на постапките за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас за Скопскиот, Источниот и Западниот дел на државата, е да се обезбедат подобри услови за граѓаните и компаниите.

dobivaj vesti na viber

Ова се вели во реакцијата на Министерството за транспорт и врски(МТВ), на соопштението од СДСМ, во кое социјалдемократите ја обвинија актуелната власт дека не сака да ја гасифицира земјата, туку дека со поништувањето на постапките има за цел да земе нови провизии од новите физибилити студии.„Со цел да се зголеми атрактивноста на проектот, да се обезбедат подобри услови за граѓаните, економските субјекти и потенцијалните инвеститори,  одлучено е да бидат поништени постапките за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас за Скопскиот, Источниот и Западниот дел на државата и наскоро да бидат распишани нови постапки преку кои се зголемува можноста и извесноста за брза реализација на целиот проект за секундарна гасификација на државата“, се вели во реакцијата на Министерството за транспорт и врски.Од ова Министерство појаснуваат дека со тоа не се предизвикуваат никакви трошоци за граѓаните затоа што и при новите постапки ќе се работи врз основа на истите физибилити студии и останати акти и документи кои ја уредуваат оваа материја.„Во изминатиот период тимови од Владата, во кои партиципираа и стручни лица и експерти од оваа област, извршија анализа на целокупниот процес, при што беше заклучено дека новите моменти кои се присутни на пазарот на природен гас во регионот и пошироко придонесуваат за потреба од нови решенија во овој процес, со што би се зголемила атрактивноста за инвестирање на приватен капитал во самиот проект, што, пак, од своја страна, би придонело за подобра заштита на интересите на граѓаните и економските субјекти кои во идниот период би го користеле природниот гас за своите потреби“, се вели во реакцијата. Понатаму се додава дека наскоро се очекува да бидат усвоени  новите одлуки со кои ќе се распишат нови постапки за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас преку јавно-приватно партнерство и тоа за сите три предвидени региони, Скопскиот, Западниот дел на државата и Источниот дел на државата и тоа со инкорпорирани нови подобрени услови.„Со тоа очекуваме овој процес да добие во квалитет во динамика и во унапредени можности за извесна успешна завршница која ќе биде во интерес на граѓаните и економските субјекти“, пишува во реакцијата. Од Министерството потсетуваат дека интензивно се работи на изградба на примарната гасоводна мрежа, односно на магистралните гасоводи Клечовце –Штип, Штип-Неготино, Неготино-Битола, Скопје-Гостивар. Во наредниот период најавуваат дека ќе се изградат и магистралните делници Гостивар –Кичево,  делница Штип – Хамзали – Струмица – Гевгелија како и  крак за ТЕЦ Неготино.  Паралелно со изградба на овие делници кои се дел од националниот гасоводен систем. Македонски Енергетски Ресурси  во наредниот период ќе подготви и проектна документација и за следните делници: Крак за Свети Николе – Велес во должина од 27 километри, Крак за Гевгелија во должина од 7 километри , Крак за Демир Капија во должина од 12 километри , Вршаково-Кочани-Разловци во должина од 66 километри , Крак за ТЕЦ Осломеј во должина од 3 километри ,Крак за Пробиштип во должина од 13 километри , Кичево – Охрид – Струга во должина од 63 километри. /крај/со/ст

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Трамп му пиша на Кси: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа35 минути

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет58 минути

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа1 час

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа1 час

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија11 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија14 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија15 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија17 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија19 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија20 часа

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија20 часа

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ20 часа

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија20 часа

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија21 час

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија22 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија23 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет1 ден

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...