Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Казна од 11 години затвор им се заканува на функционерите што не работат согласно законот
Срамно е да се тврди дека промената на Уставот, името, идентитетот и јазикот претставува патриотски чин. Договорот со Грција претставува класична капитулација, договорот ја обесчестува Република Македонија и нејзините граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев се колнеше во своите предци дека нема да го промени името, а потоа експресно и срамно се откажа од името, нацијата, идентитетот, и македонското малцинство. „Лагите на СДСМ и Заев се разобличени и во недостатокот на аргументи сите бевме сведоци на класични навреди кои Заев ги упати кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ изминативе година дена владее кршејќи ги законите, деловникот, Уставот и процедурите. СДСМ со потпишување на договорот го прекрши Уставот, а најавува и ново повторно кршење на Уставот и процедурите“, се вели во соопштението.
Партијата смета дека Џафери и Костовски најавија дека ќе ги објават во Службен весник без потпис од претседателот Иванов, законите за ратификација на срамниот Договор помеѓу Република Македонија и Грција, а истовремено и законот за јазици, со што повторно ќе го прекршат законот и Уставот.
„Доколку Џафери и Костовски го сторат планираното со само еден од законите, им се заканува затворска казна од најмалку пет ипол години за злоупотреба на службена должност. Ова кривично дело е дело кое што никогаш не застарува. Функционерите на власта мораат да го почитуваат законот и да работат во согласност со него, а доколку не работат во согласност со законите ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите правни можности, за оние кои работат своеволно да бидат соодветно казнети. Доколку Џафери и Костовски не работат согласно со законот и волјата на граѓаните им се заканува казна од 11 години затвор“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски најави: Вечерва почнуваат 72 часа за чистење на секој агол на Скопје
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот.
„Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам!“, објави Ѓорѓиевски.
Тој, исто така, кажа дека ги отстранил и рампите на кај Град Скопје.

„Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани“, објави новиот градоначалник.
Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација и ветува дека секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине, а секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.
Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување.
Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддаде признание на Швајцарија за бројните и вредни донации во областа на заштитата на младите и жените, животната средина, како и во зајакнувањето на инклузивноста и одговорноста.
За швајцарскиот амбасадор, стоилјадната македонска дијаспора е вреден и почитуван актер во швајцарското општество.
Мултилатералната соработка, особено врзана за кандидирањето на престижни позиции двајцата ја сметаат за корисна, конструктивна и успешна.
Македонија
Герасимовски го доби уверението за втор мандат: Продолжуваме да работиме за сите центарци
Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината.
„Честа да се води Општина Центар повторно ми ја дадоа граѓаните, а тоа е најголемата обврска и мотивација. Во вториот мандат остануваме посветени на проектите што ја прават општината пофункционална, поздрава и подобра за живеење. Ќе продолжиме со политики кои носат реални промени, со транспарентно и одговорно работење во интерес на сите жители на Центар. На советниците им посакувам многу успех и заеднички да продолжиме кон поубав развој на општината“, вели Герасимовски.

