Македонија
„Еуроникел“ ќе ја тужи Слаѓана Тасева за клевета
„Еуроникел“ ќе поднесе тужба против „Транспаренси интернешнл – Македонија“ и нејзината претседателка Слаѓана Тасева за клевета, за изјава дадена на 25 април. Од компанијата велат дека побарале изјавата да биде повлечена, но тоа не се случило.
„Спротивно, и ‘Транспаренси интернешнл – Македонија’ и Тасева продолжија одлучно и неосновано да го напаѓаат не само ‘Еуроникел’ и компанијата основач ГСОЛ туку и јавниот процес пропишан со закон кој строго и транспарентно беше спроведен од сите учесници во стечајната постапка“, велат од компанијата.
Од таму додаваат дека „Транспаренси интернешнл – Македонија“ и Тасева целосно ги игнорираат фактите кои јасно укажуваат дека „ГСОЛ/Еуроникел„ јавно, транспарентно и недвосмислено во целиот изминат период ги искажува своите деловни намери за преземање на „Фени индустри“, согласно со важечката легислатива на Република Македонија и правилата на стечајната постапка.
Единствена основа и извор за неиздржани наводи на Тасева и „Транспаренси интернешнл – Македонија“, велат од компанијата, се претходните сопственици кои го довеле „Фени“ во стечај.
„Оттука, поттикнати од целосното отсуство на интерес од ваша страна за причините кои го уништија ‘Фени’, како и за транспарентните обиди за негово заживување, а земајќи го предвид обемот на досегашна инвестиција на ‘ГСОЛ/Еуроникел’, која преставува една од најголемите еднократни инвестиции во изминатата декада во Република Македонија, како и клеветничката намера и резултатите на вашето однесување, ве информираме дека ќе бидете соочени со тужба за да ги докажете вашите наводи и да ги аргументирате вашите неиздржани заклучоци за инволвираноста на ‘ГСОЛ/Еуроникел’ во стечајната постапка на ‘Фени’, пред надлежните судови и органи, а со цел не само да го заштитиме нашиот углед и репутација и да ја обелодениме мотивацијата за вашите јавни појавувања и реакции во врска со стечајниот процес и иднината на ‘Фени’, туку и заради искоренување на ризиците по иднината на фабриката, нејзините вработени, засегнатите страни, нашата инвестиција и интересите на македонската економија“, стои во писмото од „Еуроникел“ до Тасева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари
Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“.

„Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги“, соопштија од Царина.
Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама.

По целосно завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот
СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вистакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува.
Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина. Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка.
Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“.
Петрушевски прашува дали толку многу знае Груби, што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат. Дали, како што рче, паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви. „Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени?
За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата“.
Македонија
Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ, велат од оваа партија
Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели, велат од СДСМ.
„Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност.
Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност.
А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки за обезбедување.
Посигурен е дома. Тоа сигурно – храната стигнува од ресторани, а и на телевизија има интересни содржини. Како во хотел.
Она што не го кажа Мицкоски е од која странска служба ја добиле информацијата, бидејќи како што се гледа од изјавите за медиумите од МВР и АНБ, никој ја нема таа информација“.
Од СДСМ прашуваат дали информацијата му стигнала од српска или од руска служба.
„Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?
Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.
По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.
Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“.

