Контакт

Европа

Бегалците во Берлин, бегалците од Берлин

Објавено пред

Групата сириски бегалци кои баварскиот политичар и локален функционер Петер Дрејер ги испрати во четвртокот во германската престолнина Берлин пред канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел, изразувајќи го така револтот против нејзината политика на отворени граници за сите баратели на азил, во петокот се вратија во Баварија, откако ноќта на сметка на Дрејер ја минаа во берлински хотел.

dobivaj vesti na viber

Локалниот шеф на баварскиот округ Ландсхут во четвртокот испрати во 550 километри оддалечениот Берлин автобус со 31 Сириец кој го добиле веќе статусот на бегалци, порачувајќи дека тоа е чин на очајник кој сака да им испрати порака на властите дека не можат и не мораат да продолжат со политиката на безгранично прифаќање на имигрантите.

Во Баварија, сепак, не се вратиле сите. Двајца Сиријци останале по сопствена желба во Берлин, каде што ќе се обидат да пронајдат подобар живот.

Стануваше збор за група сириски бегалци на возраст меѓу 21 и 45 година, кои чекаат одговор на побаран азил и поради тоа повеќе не можат да видат вратени во бегалско сместување кое го финансира владата, туку мора да си пронајдат сопствен стан за живеење.

Дрејер, од малата баварска партија Слободни избирачи кој е избран како самостоен кандидат, изјави во петокот дека со овој потег сакал да истакне дека во Ландсхут повеќе нема капацитети за прифаќање на бегалците. Притоа, берлинскиот градоначалник Михаел Милер го критикуваше баварскиот колега велејќи дека „Тоа што го стори претставува ерозија на солидарноста“.

Дрејер, пак, во петокот за баварското радио изјави дека бегалците биле разочарани. „Тие дошле во Германија со очекувања дека ќе им помогне канцеларката и тие сакаат да живеат во градовите. Тие очекувања не се исполнети“, рече Дрејер.

Баварскиот политичар потсети оти претходно во октомври во телефонски разговор на канцеларката Меркел лично ѝ најавил дека ќе ги испрати бегалците пред „нејзината врата“, како одговор на нејзината пробегалска мантра „ние тоа го можеме“./крај/мн/сн .

Извор: DPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Објавено пред

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани „силните безбедносни гаранции за цврст и траен мир“ во Украина, вклучително и распоредување на мултинационални сили по прекин на огнот, објави францускиот претседател Емануел Макрон.

dobivaj vesti na viber

Безбедносните гаранции што земјите од коалицијата, првенствено европските, планираат да ги обезбедат со поддршка од САД по евентуалното завршување на непријателствата „се клучни за да се обезбеди дека ниту еден мировен договор никогаш не може да значи предавање на Украина и дека ниту еден мировен договор никогаш не може да значи нова закана за Украина“ од Русија, изјави Макрон на прес-конференција.

Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа политичка декларација што вклучува распоредување на мултинационални сили по прекин на огнот во Украина.

Претставници на 35-те земји-членки на Коалицијата на волните се собраа во вторникот во Париз за да разговараат за начините за одржување на мирот во Украина во случај на прекин на огнот. Зеленски зборуваше на состанокот, а учествуваа и американскиот претставник за преговори со Русија, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, еден од преговарачите.

Зеленски по состанокот изјави дека сојузниците од Киев го дефинирале начинот на кој европските сили за одвраќање ќе дејствуваат во Украина по прекинот на огнот, како и кои земји ќе учествуваат во него.

Тој додаде и дека Украина водела конкретни разговори со САД за следење на прекинот на огнот и дека смета на наскоро потпишување на безбедносните гаранции.

Некои земји, исто така, веднаш по состанокот изјавија дека нема да испраќаат војници, вклучувајќи ја и Италија, додека Шпанија и Европската Унија изјавија дека имаат намера да го сторат тоа.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека ги информирала европските сојузници на Украина и американските претставници дека ја исклучува можноста за испраќање италијански копнени сили како дел од безбедносните гаранции во Киев во случај на прекин на огнот со Русија.

„Потврдувајќи ја италијанската поддршка за безбедноста на Украина, премиерката Мелони ги повтори клучните точки од ставот на италијанската влада, особено исклучувањето на можноста за распоредување италијански копнени сили“, објави нејзиниот кабинет во соопштение по состанокот.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека германските сили би можеле да учествуваат во меѓународните сили, но надвор од Украина.

Шпанија, од друга страна, објави дека ќе предложи учество на својата армија во консолидирањето на мирот во Украина по постигнувањето прекин на огнот, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на прес-конференција во вторник по состанокот во Париз.

„Шпанската влада ќе предложи да ја отвориме вратата за воено учество во Украина“, рече Санчез, додавајќи дека ќе ја разговара можноста со главните политички партии во земјата.

Порака од Брисел
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во вторник изјави дека Европската унија е подготвена да го поддржи мировниот договор во Украина со цивилни и воени мисии на терен.

„Ќе помогнеме преку цивилните и воените мисии на Европската унија на терен. Украина мора да биде во најсилната можна позиција пред, за време и по какво било прекин на огнот“, рече Коста по состанокот со Зеленски во Париз, одржан како дел од самитот на коалицијата на волните.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир

Објавено пред

Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.

Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.

Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија1 час

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија2 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија10 часа

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија11 часа

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија11 часа

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет14 часа

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија14 часа

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа1 ден

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет1 ден

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа1 ден

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија1 ден

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа1 ден

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ1 ден

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа1 ден

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија1 ден

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...