Регион
Петмина повредени во судирите на жителите на Анталија со сириските бегалци

Пет лица се сериозно повредени во турската провинција Анталија откако куќа во којашто живееле бегалци од Сирија била нападната од локалното население вооружено со камења.
Пет лица се сериозно повредени во турската провинција Анталија откако куќа во којашто живееле бегалци од Сирија била нападната од локалното население вооружено со камења.
Сиријците, коишто биле ангажирани на земјоделски работи, биле нападнати од група локални жители по меѓусебна тепачка во градот Манавгат, пишува весникот Hurriyet. Пет лица биле ранети, а четворица се приведени од полицијата, оштетени се четири куќи и два автомобила. Полицијата успеала од градот да евакуира 70 Сиријци за да се избегнат натамошните немири.
Гувернерот на провинцијата Анталија, Муамер Туркер, изјави за медиумите дека уште 1.500 сириски бегалци кои во моментов се згрижени во покраината, добиле од властите наредба да ја напуштат.
„Нашите земјоделски производители бараат да бидат оставен Сиријците како евтина работна сила. Ние сакаме тие да бидат ангажирани на работни места, а не да се занимаваат со питање. Но не планираме да им овозможиме да останат во Анталија за постојано“, изјавил Туркер.
Во моментов во Турција има 1,9 милиони бегалци од соседна Сирија, каде што од март 2011 година беснее граѓанската војна. Во десет турски покраини се подигнати повеќе од 20 шаторски кампови за бегалци. Во нив се организирани и училишта, бегалците ја добиваат неопходната медицинска помош и основните животни продукти. Сепак, во нив се сместени само петина од вкупниот број бегалци, а другите се раштркани по многу градови во земјата.
Турција досега потроши околу 4 милијарди американски долари за помош на сириските бегалци. Власите се изјаснија за политиката на отворени врати за бегалците, но спорадично во некои градови има антисириски истапи од локалното население./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.