Контакт

Надворешна политика

Попоски и Коѕијас ќе бараат брзо решение на спорот со името

Објавено пред

Преку градење на заемна доверба меѓу Македонија и Грција, шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Попоски и Никос Коѕијас ќе се обидат што е можно побрзо да најдат решение околу разликите за името на земјава.
 

dobivaj vesti na viber

Преку градење на заемна доверба меѓу Македонија и Грција, шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Попоски и Никос Коѕијас ќе се обидат што е можно побрзо да најдат решение околу разликите за името на земјава.

 

Ова го договориле двајцата министри на средбата во средата во Скопје, при што договорени се 11 точки на соработка за коишто, како што рече Попоски, основа нашле меѓу најслабата и најсилната алка во меѓусебните односи, односно довербата којашто ја немало и соработката на двата народа, особено на деловен план.

„Договоривме 11 конкретни марки за доверба од образованието, здравството, надворешните работи и слични. Правиме нов чекор, а најслаба алка во соработката е довербата, додека најсилна бизнисот и економската соработка“, изјави Никола Попоски.

„Културата има огромно значење и помага за меѓусебно разбирање, но разговаравме и за прашањата како што се правдата и безбедноста. Треба да направиме што побрзо мерки за соработка. Искуството на Грците овојпат ќе помогне, сакаме владеење на правото, економски развој и се надеваме дека и таму ќе се среќаваме и договараме за прашањето на името“, изјави Никос Коѕијас.

Двајцата министри, како што беше истакнато по разговорите во Министерството за надворешни работи, договориле и отсега натаму да се среќаваат на министерско ниво со цел да се воспостави подобар политички дијалог.

Се согласиле дека предолго време е поминато без решение во разликите околу името на земјава и дека тој спор во целото време ги обременувал односите меѓу двете земји , кои надвор од спорот имаат многу заеднички интереси.

„Постојат разлики околу спорот за името, но за секој проблем постои решение“ , рече Коѕијас.

„Денеска, немаме решение за овој спор, но имаме пристап кој би ни овозможил во некое догледно време да градиме клима за доближување на нашите односи. Нашиот најголем проблем е непостоењето на доверба, особено на политичко ниво и тоа непостоење на доверба не може да не доведе до ситуација на решавање на толку голем и сложен проблем кој задира во најдлабоките емоции на граѓаните и тука и таму. Наш интерес, многу јасен македонски интерес е да имаме решение и да можеме да станеме членка на НАТО и на ЕУ, Грција е земја членка на двете семејства, а нам ни треба согласност од сите земји членки на НАТО и на ЕУ, за да можеме да пристапиме. И од билатерален аспект поради потенцијалот и интересите кои ги имаме и од меѓународен аспект, интересот да бидеме дел од НАТО треба да работиме на ова“, рече Поповски.

Запрашан за неодамнешните изјави дека во Македонија постои иредентизам кон Грција,. Шефот на грчката дипломатија Коѕијас рече дека задно со неговиот македонски колега востановиле дека такво нешто нема.

„Еден човек кој го крева своето знаме на Олимп е еден тип иредентизам“, рече Коѕијас, асоцирајќи на потегот на поранешниот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски, кој се фотографираше со знамето од Вергина на оваа планина и тоа го објави на „Фејсбук“. Сепак, Коѕијас рече дека не е на него да дава коментари, а ги повика новинарите да истражат што е тоа што ја отежнува соработката меѓу двете држави.

Сепак, Коѕијас појасни дека и во Грција има структури кои на друг начин гледаат на соработката со Македонија, но дека тоа не е политика на актуелната влада која сака двете држави да постојат и да соработуваат заеднички. „Ние сме против екстремниот национализам“, рече Коѕијас.

Никос Коѕијас е првиот грчки министер за надворешни работи кој по една деценија доаѓа во билатерална посета на Македонија. Тој во среда освен средбата со својот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Поповски, по што се предвидени пленарни разговори меѓу делегациите на двете министерства, како што е најавено, ќе се оствари средба и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а ќе биде примен и од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Исто така шефот на грчката дипломатија ќе оствари средби и со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за...

Македонија7 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија7 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ7 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ8 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет11 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија11 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија11 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт11 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија1 ден

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 ден

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ1 ден

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија1 ден

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ1 ден

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...