Македонија
Почнa самитот на НАТО во Брисел
Шефовите на држави или влади, членки на НАТО, денеска и утре одржуваат самит во Брисел. На самитот американскиот претседател Доналд Трамп ќе бара од сојузниците да издвојуваат повеќе пари за одбраната. Вчера Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, рече дека само неколку земји издвојуваат по 2 отсто од БДП за одбраната. Тоа се: САД, Велика Британија, Грција, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Романија.
Најголем товар од трошоците на НАТО се на САД. Некои од земјите се блиску до тој процент, а другите имаат уште многу за да го постигнат.
На самитот на НАТО членките се очекува да донесат одлуки за командната структура на алијансата, која треба се зголеми со 1.200 лица. Членките на НАТО треба да донесат и одлука за почеток на преговорите за членство на Македонија во алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

