Спорт
Вардар без Јуфо против Пјуник
Вардар утре ќе му гостува на Пјуник во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на Европа, а за овој натпревар црвено-црните ќе бидат без Виктор Нилдо Јуфо.
Засилувањето во ово преоден рок Бразилецот Јуфо, воопшто не е во тимот поради повреда, иако …
Вардар утре ќе му гостува на Пјуник во рамките од 1. квалификациско коло од Лига Европа, а за овој натпревар „црвено-црните“ ќе бидат без Виктор Нилдо Јуфо.
Засилувањето во овој преоден рок, Бразилецот Јуфо, воопшто не е во тимот поради повреда иако е пријавен за настап во првото квалификациско коло од Лига Европа.
Според информациите од Врадар, Јуфо на подготвките во Словенија заработи повреда на задната ложа, поточно има парцијална руптура. Бразилецот пропушти дел од тренинзите во финишот на подготовките за мечот со Пјуник и поради тоа не во комбинација за првиот меч.
Експедицијата на Врадар се наоѓа во Ереван, а денес играчите го имаат официјалниот тренинг на стадионот „Вазген Саргсјан“. Тренерот Бобан Бабунски за натпреварот со Пјуник на располагање има 22 фудбалери.
фото: fkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
До мечот со Пол, Тајсон се откажа од с.кс и марихуана
Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по егзибицискиот меч со Рој Џонс Јуниор и ќе се бори со ѕвездата на Јутјуб, Џејк Пол (27) на 20 мај во Арлингтон за хонорар од 20 милиони долари.
Дали ќе биде егзибиција или професионален натпревар е сè уште под знак прашалник (поминаа 19 години од последната професионална борба на Тајсон), но поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија се подготвува за Пол како да е Евандер Холифилд, Ленокс Луис или Бастер Даглас. .
За да биде максимално подготвен за борбата, Тајсон привремено се откажал од работите во кои најмногу ужива – марихуаната и сексот.
„Живеам дисциплиниран живот. Поминаа шест недели откако последен пат се „напушив“ и имав секс. Тоа не се случило од кога бев дете“, изјави Тајсон во интервју за магазинот „Форбс“ и додаде дека тренира три пати на ден.
„Не ми се допаѓа што не можам да спијам со жена ми, но се лажам себеси дека тоа ми се допаѓа“, изјави Тајсон.
Спорт
Ројс по 12 години заминува од Дортмунд
Марко Ројс, поранешниот капитен на Борусија Дортмунд, го напушта клубот од „Вестфален“.
Челниците на „милионерите“ и 34-годишниот Ројс постигнаа договор да не ја продолжат соработката која исткекува на крајот од сезоната.
Во изминатите 12 години го носеше дресот на Борусија и постигна бројни успеси со клубот.
„Марко Ројс е еден од најголемите играчи на овој клуб. Роден е во Дортмунд, играше десет години во нашите јуниорски категории и 12 за првиот тим, долги години беше капитен на тимот. Неговата приврзаност кон Борусија е огромна. Му посакуваме се најдобро на Марко во иднина, се надеваме дека ќе ни се врати по завршувањето на кариерата бидејќи го чекаат уште предизвици во Дортмунд“, изјави првиот човек на клубот Ханс-Јоакаим Вацке.
Ројс беше капитен од 2018 до 2023 година.
На 424 натпревари за Борусија, тој постигна 168 гола и забележа 128 асистенции.
Спорт
Покетино: Не одлучувам јас дали ќе го напуштам Челзи
Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино изјави дека не е сигурен дали ќе има време да го врати клубот на врвот на англискиот фудбал.
Челзи на домашен терен го победи Тотенхем со 2:0 во натпреварот од Премиер лигата и ги задржа шансите за пласман во европските натпреварувања.
„Сините“, речиси цела сезона се справуваат со повреди, а во моментов дури 14 играчи поради повреди се надвор од тимот. Се шпекулира дека аргентинскиот стручњак би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.Тој не сакаше да одговори на ова прашање.
„Мислам дека е доста“, изјави Покетино за Скај на прашањето за шпекулациите околу неговата иднина.
„На сите тренери им треба време за да пренесат идеи и филозофии. Уште повеќе кога екипата е ваква. Ни треба време. Тоа не е моја одлука. Тешко е бидејќи секоја недела сум под лупа. Но, тоа не е моја одлука. Ако сакаме да испишеме историја со Челси, не чека многу работа. Ќе бидиме дали ќе имаме доволно време“.
Челзи моментално е осмо на табелата со 51 бод од 34 натпревари во Премиер лигата и заостанува три бода зад шестопласираниот Манчестер Јунајтед, кој го држи последното место кое обезбедуа пласман во европските купови.