Македонија
ТВ „Алфа“ куртули од постапка за емисијата на Миленко Неделковски
Комисијата за заштита од дискриминација одлучи да не покрене постапка против телевизијата „Алфа“ за дискриминација по етничка основа сторена во емисијата „Миленко Неделковски шоу“ емитувана на 27.1.2018 година. На одговорот е потпишан претседателот на Комисијата, Александар Даштевски, кој важи за апологет на претходната власт.
Во мислењето од Комисијата по поднесената претставка од АВМУ се наведува дека таа „се однесува на погрешно лице (ТВ ‘Алфа’)“ бидејќи емисијата е самостоен надворешен проект и оти телевизијата пред почетокот на емитувањето се оградила од изнесените ставови. Од Комисијата ѝ препорачуваат на телевизијата да ги запознаела новинарите, уредниците и водители со одредбите од Уставот кои се однесуваат на слободата на мислата и нејзиното јавно изразување.

Од АВМУ сметаа дека ваквите тврдења на Комисијата се неточни бидејќи, како што пишуваат, Законот јасно и недвосмислено ја лоцира одговорноста кај радиодифузерите за сите содржини емитувани на нивната програма, дотолку повеќе што емисијата не е емитувана во живо туку е однапред снимена и ТВ „Алфа“ можела уреднички да интервенира. Агенцијата очекува Комисијата да го преиспита ставот за неповедување постапка против ТВ „Алфа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

