Компании
Групацијата Триглав со добри финансиски резултати
Групацијата Триглав, водечка осигурително – финансиска групација во Словенија и една од најголемите во југоисточна Европа и во првите девет месеци од 2014 година работеше со зголемена добивка.
Групацијата и натаму го задржува високото ниво на финансиска стабилност и ја зајканува водечката позиција на словенечкиот пазар на осигурување, каде го зголеми својот пазарен удел за 0,4 процентни поени, на солидни 36%.
Нето добивката на Групацијата, споредено со првите девет месеци од 2013 година, се зголеми за 36%, на 77 милиони евра, а притоа, групацијата во тешки економски услови обезбеди премија од 688,6 милиони евра. Триглав Осигурување АД, Скопје, дел од Групацијата Триглав, во првите три квартали од оваа година работеше успешно и обезбеди бруто полисирана премија поголема за 9%, споредено со истиот период минатата година и оствари добивка, повисока од планираната.
Групацијата Триглав и матичното друштво во првите девет месеци од 2014 година работеа добро и во согласност со стратешките насоки, а тоа го потврдуваат постигнатите резултати. Во првите три квартали од 2014 година нето добивката на Групацијата Триглав изнесуваше 77 милиони евра (36% повисока споредено со истиот период минатата година), а на матичното друштво 56,1 милиони евра (11% повисока во споредба со истиот период минатата година).
Групацијата Триглав и во 2014 година успешно го одржува високото ниво на финансиска стабилност, што се потврдува и со оценките на бонитетните агенциите Standard & Poor’s и A.M. Best. Рејтинг оценката на Standard & Poor’s има стабилна среднорочна перспектива, а A.M. Best ја подобри среднорочната перспектива од стабилна во позитивна. Високата финансиска стабилност на Групацијата Триглав, споредено со крајот на 2013 година се огледува во порастот на најзначајните финансиски категории: за 8% се зголеми книговодствената вредност на средствата (3.311,9 милиони евра), за 6% се зголемија бруто износите на осигурително – техничките резервации, коишто се темел за балансирано работење и обезбедување на дологорчната сигурност на осигурениците (2.396,4 милиони евра), а дури за 16% е повисока севкупната вредност на капиталот на Групацијата, што е основа за безбедно работење.
Групацијата Триглав во 2014 година ја зајакна водечката положба на словенечкиот пазар. Нејзиниот удел меѓу словенечките осигурителни компании е најголем, изнесува одлични 36% и споредено со минатата година е повисок за 0,4 процентни поени. За сите учесници на словенечкиот пазар условите и оваа година остануваат тешки. Тоа го покажува и падот од 2,8% на вкупната бруто полисирана премија на пазарот во првите девет месеци од оваа година, споредено со истиот период минатата година. Падот на премијата на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар е помал и изнесува 1,9%. Гледано пошироко, Групацијата Триглав на сите осум пазари каде работи обезбеди 688,6 милиони евра бруто осигурителна и соосигурителна премија (2% помалку од истиот период минатата година), а матичната компанија обезбеди 463,7 милиони евра (3% помалку од истиот период минатата година).
Комбинираниот количник во неживотното осигурување на Групацијата Триглав, со којшто се мери профитабилноста на работењето во осигурување, согласно зацртаната стратегија се движи околу таргетираната вредност и изнесува 95,4% (3,1 процентни поени помалку од истиот период минатата година). Комбинираниот количник на Заваровалница Триглав изнесува 94,3% и споредено со истиот период претходната година овој количник е зголемен за 6,5 процентни поени.
На деловниот резултат на матичното друштво, како и на Групацијата, релативно сериозно влијание има зголемениот обем на штети. Во првите девет месеци од 2014 година имаше зачестени случаи на невреме со снег и мраз на подрачјето на цела Словенија, коишто предизвикаа штета во износ од 10 милиони евра. Во првите девет месеци од оваа година Групацијата евидентираше 6% помалку бруто износи на штети (440,8 милиони евра) споредено со истиот период минатата година, а матичното друштво 5% помалку (296,3 милиони евра).
Приносите од финансиските инвестиции на Групацијата, коишто претставуваат најголем дел од средствата на Групацијата, во првите девет месеци оваа година достигнаа 140 милиони евра и дури за 208% беа поголеми од истиот период минатата година. Високиот пораст пред сѐ се должи на зголемување на добивката од продажба при тргувањето со должнички хартии од вредност и значајно помалата исправка на вредност на финасиските инвестиции, споредено со истиот период минатата година.
Бруто оперативните трошоци во рамките на осигурителната дејност во групацијата Триглав во споредба со истиот период од 2013-та година пораснаа за 3% и изнесуваат 170,7 милиони евра. Во Заваровалница Триглав тие се зголемија за 2% и изнесуваат 119,1 милиони евра. Зголемувањето на наведените трошоци првенствено се должи на спроведените продажни акции.
Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, за работењето во првите девет месеци од 2014 година изјави: „Работењето на Групацијата Триглав и на матичното друштво беше добро и фокусирано кон постигнување на стратешките цели. Групацијата, согласно стратегијата до 2017 година, ги спроведува сите потребни активности за јакнење на силната позиција како на словенечкиот, така и на другите целни пазари, истовремено задржувајќи ја цврстата адекватност на капиталот, финансиската стабилност и високата профитабилност. Стабилноста на Групацијата и издржаноста на зацртаните насоки се потврдуваат со високите рејтинг оценки од познатите бонитетни агенции“.
Триглав Осигурување Скопје во првите девет месеци од 2014 година работеше добро и оствари 29% поголема добивка од планираната. Компанијата го зголеми својот пазарен удел за околу 0,5 процентни поени, споредено со истиот период минатата година. Во дадениот период компанијата успешно заврши некои од стратешките проекти, како што е на пример мобилната теренска продажба, а истовремено ги спроведува потребните активности за понатамошен развој на сопствената продажна мрежа.
„Прецизно дефинираната стратегија и доследното спроведување на нејзините насоки континуирано придонесуваат Триглав Осигурување да ја зацврсти лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Во првите три квартали од 2014-та година повторно постигнавме одлични резултати, поточно обезбедивме бруто полисирана премија во доменот на неживотно осигурување поголема за околу 8%, во услови кога пазарот порасна за помалку од 5%. Овие резултати се во согласност со зацртаната мисија Триглав да биде креатор на развојот на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Дополнително, Триглав Осигурување оствари најдобар резултат на пазарот и во доменот на исплата на штети, со удел поголем од 18%, што е уште еден показател за ефикасноста на процесите во компанијата, како и за финансиската стабилност и доверливост на компанијата“, изјави Извршната директорка на Триглав Осигурување Скопје, Сања Танчевска. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)
Економија
„Реплек“ пробива на строгиот британски пазар: Реконазол, прв лек на компанијата регистриран во Обединетото Кралство
Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство кое се смета за еден од најригорозните системи во светот во делот на оценка на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите. Регистрацијата е потврда дека овој лек на „Реплек“, како и производствените процеси на компанијата, ги исполнуваат највисоките меѓународни регулаторни стандарди.
Оваа регистрација ќе важи пет години, а првиот извоз ќе се реализира преку локален партнер кон крајот на овој месец. Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е наменет за превенција и третман на инфекции предизвикани од габата Mallassezia, вклучувајќи состојби како првут, себороичен дерматитис и tinea versicolor.
„Регистрацијата на Реконазол во Обединетото Кралство е важна пресвртница за компанијата и јасна потврда за квалитетот, стручноста и зрелоста на нашите производствени и контролни процеси. ‚Реплек’ има развоен, регулаторен и тим за контрола на квалитетот способни да подготват технички документации, клинички податоци, извештаи за усогласеност со добра производствена и добра лабораториска пракса, како и квалитетни системи споредливи со меѓународни стандарди. Фактот што овој наш производ успешно ја помина строгата евалуација на MHRA дополнително ја засилува довербата во компанијата, и од пациентите, и од нашите партнери. Регистрацијата на лекот е дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив раст и континуирано зајакнување на присуството на развиените западни пазари“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Британскиот пазар е многу значаен глобален пазар, кој има јасни регулаторни барања и висока куповна моќ. Регистрацијата на медицински производ во Обединетото Кралство значи дека тој успешно ја поминал оваа ревизија, што ќе отвори врата и за настап на други развиени пазари во Западна Европа. Ова е уште еден доказ дека „Реплек“ располага со високоразвиени системи за контрола на квалитетот, способни да одговорат на барањата и на најпребирливите пазари. Регистрацијата на лек во Обединетото Кралство е силна референца која ја зголемува довербата и кај идните потенцијални партнери и дистрибутери, како и основа за натамошно ширење на портфолиото на меѓународните пазари. Со ова одобрение „Реплек“ уште посилно ја зацврстува својата позиција како сигурен и кредибилен фармацевтски производител, способен да одговори на највисоките регулаторни барања.
Неодамна „Реплек“ по петти пат го доби сертификатот EU GMP, потврдувајќи ја својата усогласеност со највисоките европски стандарди за добра производствена пракса, квалитет и безбедност. Континуираното унапредување на високите стандарди за квалитет и усогласеноста со европските регулативи се неразделен дел од корпоративната стратегија на „Реплек“. Квалитетот на производството се рефлектира и во финансиските резултати на компанијата за 2025 година, при што е постигнато значајно унапредување на профитабилноста, односно раст за 39% во однос на 2024 година.
(ПР)

