Свет
Поради убиство на електричар, запалени 24 возила во Бразил
Бразилската полиција соопшти дека во градот Олимпија биле запалени 15 автобуси, седум автомобили и два камиони поради, како што се наведува, одмазда за убиство на електричар.
Електричарот бил убиен од полицаец кој не бил на должност, соопшти полицијата, додавајќи дека никој не бил повреден при опожарувањето на возилата и дека засега никој не е уапсен во врска со инцидентот.
Електричарот бич убиен во неделата навечер по кавга во локален ноќен клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Асанж во Стразбур: Ја избрав слободата наместо неостварливата правда
Џулијан Асанж, основачот на медиумската група Викиликс, денеска им рече на европските пратеници дека признавањето на вината за шпионажа, обвинение што го покренаа САД против него, е неопходно бидејќи правните и политичките напори за заштита на неговата слобода се покажаа како недоволни.
Асанж денеска се обрати пред Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур.
Julian Assange “As I emerge from the dungeon of Belmarsh the truth now seems less discernible and I regret how much ground has been lost during that time period. How expressing the truth has been undermined, attacked, weaken and diminished. I see more impunity, more secrecy, more… pic.twitter.com/qUrUm439WJ
— Rocket Man (@man_rocket97805) October 1, 2024
„Се изјаснив за виновен што се занимавам со новинарство. На крајот ја избрав слободата наместо недостижна правда“, рече Асанж (53) во своето прво јавно обраќање откако беше ослободен од затвор.
Тој беше обвинет дека примил и објавил стотици илјади документи со детали за воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан.
„Сакам да бидам јасен: денес не сум слободен затоа што системот функционираше, туку затоа што по многу години се изјаснив за виновен за новинарството, затоа што барав информации и затоа што ја информирав јавноста за овие информации“, рече Асанж.
Тој, исто така, додаде дека за него правдата е засекогаш заклучена бидејќи американската влада инсистирала дека тој не може да поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права.
„Затоа е толку важно што институциите за поставување норми како ПССЕ да дејствуваат за да појаснат дека она што ми се случи мене не треба да им се случува на другите“, рече тој.
„Да се обврземе сите да го направиме нашиот дел за да се осигураме дека светлината на слободата никогаш не згаснува, дека потрагата по вистината продолжува и дека интересите на малкумина не ги замолчуваат гласовите на мнозинството.
Асанж, исто така, рече дека преминот од држење во затвор со максимално обезбедување на говор пред комисија е голем и длабок, но дека искуството да се биде изолиран во мала ќелија е тешко да се пренесе.
Свет
(Видео) Затворен аеродромот во Бергамо: пожарникарите ги евакуираа патниците од авионот
Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукна гумата на авионот на летот на компанијата „Рајанер“, соопшти управата на аеродромот.
Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса.
Пожарникарите помогнаа во евакуацијата на патниците.
Свет
Израелците во Либан: Хезболах користи цивили како жив штит, водиме жестоки борби
Израелските сили издадоа предупредување до жителите на јужен Либан поради „жешките борби“ во областа, изјави воен портпарол. Авичај Адраи рече дека Хезболах ја користи „цивилната средина и населението како жив штит“ за да изврши напади врз израелските сили.
„Итно предупредување до жителите на јужен Либан. Има тешки борби во јужен Либан“, објави тој на Икс.
Армијата ги повикува жителите да не ги преместуваат возилата од северната област кон јужната област на реката Литани.
„Ова предупредување е во сила до понатамошно известување“, објави Адраи. Дописникот на Скај Њуз, Алекс Крафорд, кој се наоѓа во Либан, рече дека предупредувањето може да значи дека израелските сили имаат намера да нападнат области јужно од реката.
Додаде дека подрачјето зафаќа површина од околу 850 квадратни километри и има население од околу 20.000.