Контакт

Македонија

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Објавено пред

sovetnicka, vlada, dolg

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“, а таа не им плаќала. За да можат да одговорат на барањата на „Економија“, водејќи се од успешната соработка што почнала пред две децнии, тие ги ставиле под хипотека куќите во кои живеат. Но, „Економија“ во 2008 престанала да плаќа за услугите и за кусо време наталожила долг од близу 160 000 евра. Речиси десет години „Кридеа“ се обидува да си го наплати долгот. Минале низ низа судски постапки, вмешани се извршители, но долгот сè уште не можат да си го наплатат. Последниот обид за наплата на долгот го спречиле вработени во Кабинетот на премиерот Зоран Заев, тврди Татјана Арсиќ од фирмата „Кридеа“.

dobivaj vesti na viber

Банките губат трпение и најавуваат активирање на хипотеките, а државната компанија ветува, но не им ги исплаќа парите за услугите. Сопствениците на фирмата веќе една недела во шатор протестираат пред Влада, а ќе останат додека државата не им го плати долгот.

„Веќе за нас не се работи ниту за месеци ниту за денови туку се работи само за уште колку часа и колку минути ќе нè исфрлат под ведро небо, а  најтрагично е што ќе немаме ниту 20 денари да купиме леб затоа што сите живееме од таа работа. Има и деца и студенти, сите почнавме да пиеме лекови за смирување за да ја издржиме оваа тортура“, вели Татјана Арсиќ, кон кого државната фирма „Економија“ има долг.

Државната фирма „Економија“ за да не го плати долгот го криела имотот што го поседува и не го запишувала во Агенцијата за катастар и недвижности. Сопствениците на „Кридеа“ откриле дека „Економија“ има два дуќани купени од „Бетон“ уште во 1984 година, но не се заведени во Катастар. „Кридеа“ тужела и судот пресудил дуќаните да бидат заведени во Катастар како имот на „Економија“ со цел по уписот да ги продадат за да си го наплатат долгот.

Откако дуќаните биле впишани во Катастар како сопственост на „Економија“, кумановската „Кридеа“ преку извршител прибележала хипотека на имотот од државната фирма. На денот кога била првата продажба, се изненадиле кога на имотниот лист од Катастар виделе дека сопственик не е повеќе фирмата „Економија“, туку Владата на Република Македонија со објаснување дека тие биле сопственици на правното лице. Промената во Катастар е направена преку ноќ, тврди доверителот Татјана Арсиќ. Судското решение било ставено надвор од сила, кога од Влада побарале во Катастар да преиспитаат на чие име ќе се заведат недвижностите.

„Кога на 13 април отидов во Катастар за недвижнини ми кажаа дека се јавила советничка од Кабинетот на премиерот и наредила да се изврши упис на РМ, под изговор дека основа за запишување име на РМ е тековната состојба каде што стои дека основач на ‘Економија’ е РМ. Првпат кај неа бевме на 19 април 2018 година. Чачарова ми испрати службено писмо и рече дека не смееме да извршуваме затоа што во овој момент сопственик е РМ“, вели Арсиќ.

Директорот на Катастар, Борис Туџев, е на одмор, па не добивме одговор кој побарал имотот од приватна фирма што е должник да биде префрлен на Влада на РМ.

Во решението на судот за префрлање на имотот стои дека треба да се запише хипотека, а, пак, доколку државната „Економија“ го отуѓи имотот на трето лице, тогаш тоа  ќе треба да ги плати и долговите кон кумановската фирма. Тука се вмешала посебната советничка на премиерот Зоран Заев, Тања Чачарова-Илиевска. Таа побарала дуќаните на „Економија“ да бидат запишани како имот на РМ, а не на „Економија“, но ги изоставиле долговите кон „Кридеа“. Со тоа кумановската фирма го изгубила и последниот начин за наплата на долгот.

Посебната советничка во Кабинетот на Заев, Тања Чачарова-Илиевска, за „Макфакс“ не објасни зошто и како преку ноќ се менувал сопственикот на имотот, но рече дека бара решение за проблемот.

„Владата го знае проблемот со долговите на правниот субјект „Економија“ и прави стратегија за решавање на истиот, а со тоа и на случајот со ‘Кридеа’ од Куманово“, вели Чачарова Илиевска.

Додека Владата ја прави стратегијата, доверителите од кумановска „Кридеа“ ќе останат пред Владата. Тие обвинуваат дека во целата приказна се вмешани и судовите, врз основа на чии одлуки се правеле измените во Катастар и оневозможиле наплата на долговите.

Македонија

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

Објавено пред

Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.

Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.

Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.

dobivaj vesti na viber

Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.

Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток

Објавено пред

Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.

„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.

Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија3 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија3 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија3 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија4 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија4 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија4 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија5 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет8 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет8 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет9 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет9 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа9 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет10 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет15 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет15 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет17 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија19 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија20 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...