Македонија
(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба
Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната средба да биде постигнато решение за Државната изборна комисија.
„Стратешка цел на нашата земја и на сите партии во Собранието е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Компромиси нема за стратешките цели. Амнестија директна или индиректна – нема. Ќе му дадеме шанса на дијалогот сè додека е возможно. Секако, притоа парламентот продолжува да работи и измените на Изборниот законик продолжуваат на комисиите“, изјави Заев по лидерската средба, која траеше четири часа.
Тој рече дека деновите до референдумот се изброени. На новинарско прашање за кои прашања е постигнат договор и кои разлики останале, не сакаше да одговори.
„Заклучив дека можеби ќе направам грешка ако зборувам за заклучоците и суштините. Тоа би нанело штета, така што има прашања што лесно се договраат и прашања што не се договараат лесно. Процесот е во броени денови. Сите сме свесни дека се броени деновите за референдумот по што ќе има уставни измени“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

