Контакт

Вести

Ердоган: Русија стори тешка грешка во Сирија

Објавено пред

Руските воздушни удари во Сирија се неприфатливи, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, оценувајќи дека Русија со тоа сторила „тешка грешка“.

dobivaj vesti na viber

„Руските акции и кампањата за бомбардирање во Сирија се неприфатливи за Турција“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за новинарите пред заминувањето за Брисел.

„За несреќа, Русија прави тешка грешка“, додаде Ердоган откако Москва објави дека во последните 24 часа гаѓала 10 цели на Исламската држава во Сирија, и притоа уништила четири командни центри, еден подземен бункер и пет оклопни возила на џихадистите.

„Овие акции се загрижувачки и во врска нашите билатерални односи“, додаде Ердоган, предвидувајќи дека руските удари во Сирија ќе ја изолираа Русија во регионот и нема да ѝ донесе ништо добро.

Сунитска Турција и Русија се на различните страни во сирискиот конфликт од неговиот почеток во март 2011 година. Алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад, кој ја има поддршката на Русија и чие заминување од власт го бара Анкара, од почетокот на војната ја обвинува турската страна дека со своите тајни служби ја испровоцирала граѓанската војна и дека ги вооружува и финансира и исламистичките групи.

Ердоган истакна дека „Русија и Иран го бранат режимот на Башар ал-Асад кој води политика на државен тероризам во Сирија“.

Аналитичарите стравуваат дека руското бомбардирање на Сирија може да доведе нејзините авиони да летаат до самата граница на Турција, од која голем дел под контрола држи Исламската држава, во близина на турските бази кои ги користат и американските авиони за нападите во Сирија и во Ирак.

Турскиот претседател во Брисел во текот на својата дводневна посета со своите европски соговорници треба да разговара за бегалската криза и борбата против Исламската држава. А една од можните теми е и турското приближување на Европската унија коешто е закочено со години наназад./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Фото) Двајца доктори од Македонија учествувале во спасување на повредените во терористичкиот напад во Германија

Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија...

Регион8 часа

Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец

Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните...

Свет13 часа

(Фото) Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Бројот на загинатите во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а 41 лице е...

Македонија14 часа

(Видео) Петрушевски: СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе

„СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира“, рече денеска...

Македонија15 часа

Завршува санацијата на главниот водовод, за неколку часа сите во Скопје ќе имаат нормално водоснабдување

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираа од ЈП „Водовод и...

Македонија15 часа

(Видео) Младеновска: Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци, кажа денеска на прес конференција Рената Младеновска, членка...

Македонија16 часа

Институтот за јавно здравје издаде важни препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето

Институт за јавно здравје издаде препораки во насока за тоа кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде...

Топ17 часа

Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември...

Македонија1 ден

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската...

Македонија2 дена

Вода за пиење за Клинички е обезбедена со донација, Таравари ќе се обиде да ги редуцира операциите закажани за утре

Министерот за здравство Арбен Таравари уверува дека Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е подготвен за утрешниот прекин во водоснабдувањето во Скопје,...

Економија2 дена

Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во...

Македонија2 дена

За Дурмиши, најголеми инспектори се граѓаните: Секое изигрување на цените пријавете го на бесплатниот број 191

Во првите шест дена откога стапи во сила новогодишната кошничка со 10 отсто поевтини цени на над 1.000 производи, нема...

Македонија2 дена

На Вања ѝ било пукано во главата додека клечела на колена, на лентата на нејзината уста најдена ДНК – Обвинителството изведе докази во судот

Во главата на Вања било пукано од непосредна близина. Пред да биде застрелана, таа била жива, а трагите од кал...

Македонија2 дена

Погодена зграда во Киев, каде што се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. „Воедно, информираме...

Регион2 дена

(Видео) Едно дете почина по масакрот во училиште во Загреб, тешко повредена наставничка, објавија хрватските медиуми

Хеликоптер на брзата помош ги пренесе повредените од основното училиште во Загреб, кои со нож ги ранил 19-годишник. Повредени се...

Регион2 дена

(Видео) Снимено како децата бегаат од училиштето во Загреб, каде што напаѓач со нож повреди неколку лица

Непознат напаѓач, наводно ученик, утрово со нож нападнал наставник и неколку ученици во основното училиште „Пречко“, а според пишувањата на...

Македонија2 дена

Два термоблока во РЕК „Битола“ утрово исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ „Битола 1“

Термоелектраната „Битола 2“, утрово, во 8.22 часот, поради активирана заштита, е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа...

Македонија2 дена

(Видео) Од 1.1.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови, кои имаат ознака...

Македонија2 дена

Дрин Ахмети нема да одговара кривично оти за петардите количината била мала, ќе плати глоба

Дрин Ахмети нема да одговара кривично за превезувањето на пиротехничките средства. Тој со себе носел седум петарди и 15 кутии...

Македонија2 дена

Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците, најавуваат од Студентскиот отпор

Министерството за образование и наука и ЈСП „Скопје“ нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на...