Македонија
Данев: Се крши Деловникот и се злоупотребува европското знаменце

Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ го приватизира Собранието и му стана навика да го крши Деловникот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, според кого во Собранието важи само волјата на СДСМ и ДУИ, за кои Данев тврди дека им паднале маските.
„Како со законот за јазиците, така и со Изборниот законик, тие грубо ги злоупотребуваат европското знаменце и Комисијата за европски прашања“, рече Данев.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Изборниот законик никогаш не се носел без консултации со опозицијата, а не се ни разгледувал на Комисијата за европски прашања.
„Кога парламентарното мнозинство сака нешто да протурка набрзина, ги користи европското знаменце и Комисијата за европски прашања“, додава Данев.
Со бурни реакции, меѓусебни навреди и многубројни паузи се одвива амандманската расправа за измените на Изборниот законик, што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува комисиската расправа за амандманите да трае до полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски -Ле Риголер: презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.
На средбата присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.
Беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји и разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.
Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.
Македонија
Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, велат од Град Скопје.
Од таму велат дека Јахоски истото го направил и за предновогодишните празници и ги оставил грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само, како што велат од Град Скопје, да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи.
„Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз. ЈСП кој дава јавна услуга за граѓаните која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните. Затоа за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години“, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Македонија
Турција погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени

Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, на 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Ова подрачје веќе беше погодено од земјотреси на почетокот на август и на почетокот на септември, потсетуваат медиумите.
Фото: принтскрин