Регион
Судење на четворица Арканови ‘Тигри’ во Шпанија

Четворица поранешни членови на српската паравоена формација „Тигри“, меѓу кои е и Владимир Милисављевиќ кој е осуден за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, беа во понеделникот изведени пред судот во Шпанија на почетокот од процесот за бруталното убиство на нивен сонародник во 2009 година.
Сите петмина, четворицата обвинети, Владимир Милисављевиќ, Лука Бојовиќ, Владимир Мијановиќ и Синиша Петриќ и нивната жртва Милан Јуришиќ, според обвинението на државното обвинителство во Мадрид, биле припадници на ткн Земунски клан, српска мафијашка организација која ја основале поранешни членови на групата „Тигри“ којашто ја формираше и предводеше Жељко Ражнатовиќ Аркан честопати споменуван за сторени воени злосторства во војните во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово, како криминални дејности.Лука Бојовиќ, кого го сметаат за еден од шефовите на Земунскиот клан, мадридското државно обвинителство го обвини дека во март 2009 година со чекан во еден стан во Мадрид го убил Милан Јуришиќ. Владимир Милисављевиќ и Сретко Калиниќ, кој е во затвор во Србија, чија екстрадиција Шпанија не успеа да ја издејствува, подоцна го распарчале телото на жртвата и го ставиле во ладилник.„Следниот ден ги сомлеле деловите од телот во електрична мелница кој се распаднал од куршумите во телото. Сомелените делови ги фрлале во тоалети, а коските со пила ги пресекле и ги фрлиле во реката Манзанарес“, се наведува во текстот од обвинението што го цитираат шпанските медиуми.Интерпол ја предупредил шпанската полиција за нивното присуство во земјата, а таа во февруари 2012 година ги уапсила Милисављевиќ, Бојовиќ, Мујановиќ и уште еден поранешен припадник на бандата Синиша Петриќ кој се криел во Валенсија. Во текот на истрагата биле пронајдени десетина парчиња разно оружје, муниција и податоци за убиството на Јуришиќ, навело мадридското обвинителство. Бојовиќ е обвинет за убиство и може да му биде пресудена казна од 41 година затвор, додека Милисављевиќ, обвинет како соучесник, може да биде осуден на 21 година затвор. Другите двајца можат да добијат затворски казни меѓу 5 и 17 години. Сите се обвинети и за припаѓање на злосторничка организација и нелегално поседување оружје.Процесот ќе трае до четврток во Сан Фернандо де Хенарес, предградие на шпанската престолнина Мадрид.Шпанското правосудство претходно во јануари 2013 година ја дозволи екстрадицијата на Милисављевиќ на Србија, осуден во 2007-та на 35 години затвор за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, со услов претходно да ја отслужи казната во Шпанија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.