Македонија
Манчевски: Немаше договор во Собранието оти ВМРО-ДПМНЕ бараше амнестија
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, по седницата на Комисијата за транспорт и врски рече дека вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ барале амнестија, како и дека имало и барање за бришење на член 165 од Кривичниот законик, но и други барања.
„Медиумските реформи и сите реформи се закочени поради лични интереси. Законот се блокира и се зборува за сè и сешто, а тоа е поради барањето за амнестија. Апелирам на доблест и храброст членовите на АВМУ и МРТ да се повлечат. Мора да продолжиме со реформите, имаме катастрофални резултати“, рече Манчевски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите во медиумите бидејќи преку промена на законските решенија бара амнестија, а пратениците од мнозинството не дозволиле.
Поради барањето за амнестија, вчера била закочена координацијата, каде што се усогласуваа законите за Владата и за финансирањето на партиите.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

