Македонија
Партиите ќе може да поседуваат земјиште и да подигаат кредити од банките
Изменетиот Закон за финансирање на политичките партии предвидува партиите освен, како досега, да имаат право на сопственост на деловен простор, опрема, канцелариски материјал, превозни средства и друг движен имот, да поседуваат и земјиште.
Членот 13 пропишува дека освен досегашните приватни извори на финансирање, како членарина, донации, подароци, прилози, спонзорства и продажба на промотивен и пропаганден материјал, партиите може да се финансираат и со кредити од комерцијалните банки.
Вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии наместо досегашните 0,06% од буџетот, ќе бидат 0,15%. Износот на поединечната донација не смее да ја надмине сумата од 60 просечни нето-плати од правни лица и 30 просечни нето-плати од физички лица во државата. Досега тој износ беше 150 нето-плати од правни лица, и 75 од физички лица.
Според новите законски измени, партиите може да имаат само една жиро-сметка. Во случај кога политичката партија се финансира и со кредит од банките, покрај основната жиро-сметка на партијата, партијата може да има и уште една посебна жиро-сметка за средствата обезбедени преку кредит.
Измените предвидуваат партиите да имаат право да ги префрлаат средствата помеѓу нејзините сметки. Партиско-истражувачко-аналитичкиот центар исто така, според измените во Законот, има посебна сметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

