Регион
Ердоган ги нападна Moody's и Fitch

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини рејтинг агенциите Moody’s и Fitch дека нивните проценки за турската економија се политички мотивирани и дека поради тоа Анкара би можела да ја прекине соработката со нив, известија во вторникот локалните медиуми.
Moody’s и Fitch предупредија во последните недели на можно негативно влијание од продолжувањето на политичката несигурност во Турција по победата на Ердоган на неодамнешните први директни претседателски избори во државата.
Ердоган денеска изјави дека таквите проценки се политички мотивирани и не се темелат врз вистинската состојба во економијата.
„Ја прекинавме соработката со агенцијата Standard & Poor’s, а доколку таквата пракса продолжи, може да му кажам на премиерот да ја прекине соработката и со ови две агенции. Но, сеуште не сме ја достигнале таа точка“, рече Ердоган, пренесува Hurriyet.
Турција во мај 2012 година жестоко реагираше кога Standard & Poor’s и намали изгледите за нејзиниот кредитен рејтинг од позитивен на стабилен. Тогаш Ердоган порача дека Анкара повеќе не ја признава агенцијата, а нејзината одлука ја нарече идеолошка.
Fitch, кој кредитниот рејтинг на Турција го држи на БББ со стабилни изгледи, минатиот четврток објави дека турската централна банка во пресрет на општте избори наредниот јуни би можела да се нјаде под силен политички притисок да ги намали каматите и покрај растот на инфлацијата.
Moody’s, кој кредитниот рејтинг на Турција го држи на Баа3 со негаивни изгледи, предупреди, пак, минатиот месец, дека победата на Ердоган на претседателските избори не ги решила кредитните предизвици во државата и дека неизвесноста ќе потрае. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.