Европа
Украински војници признаа убиство на мајка и ќерка во Донецк

Двајца украински војници признале дека убиле мајка и ќерка во источна Украина коишто ги сомничеле дека се симпатизери на рускојазичните бунтовници, соопшти во средата окружното обвинителство.
„Утврдено е дека на 15-ти јуни војниците влегле во домот на жените и ги застрелале од автомати. Тие се сомневале во жените за сепаратизам“, е вели во соопштението. Според појаснувањето, станува збор за 77-годишна мајка и нејзината 45-годишна ќерка, во селото Луганско во Донецката област.
„Двајцата украински војници, на возраст од 23 и 25 години, се притворени. Ја признаа вината“, се вели натаму во соопштението без да се навлегува во поединости за злосторството извршено во понеделникот.
Претходно во мај разузнавањето на самопрогласената ткн Народна република Донецк, објави извештаи за кои се тврди дека се пресретнати извештаи на украинските правосудни и полициски органи за злосторства коишто наводно ги извршиле војниците коишто во побунетиот рускојазиен исток на земјата војуваат на страна на силите лојални на прозападните власти во Киев.
Во еден од тие извештаи на Министерството за внатрешни работи на Украина за Донецкиот регион се известува за убиство на жител на Аврамосиевската област. „На 26-ти август минатата година во една приватна куќа влегле луѓе со украински ознаки. Сопственикот на домот бил убиен, а неговата сопруга тешко ранета“, се наведува во цитираниот документ.
Покрај обвинувањата на проруските бунтовници за масовни убиства извршени од страна на припадници на вооружените сили на Украина, тамошното министерство за внатрешни работи известило и за серија грабежи, особено на контролните пунктови, каде локалното население било тепано и му биле одземани парите.
На крајот од октомври 2014 година, тогашниот ткн премиер на самопрогласената Народна Република Донецк, Александр Захарченко, објави дека од 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години кои се водат како исчезнати од градот Красноармијск во близина на најголемото упориште на проруските бунтовници во источна Украина, како и дека се пронајдени телата на 286 жени, врз кои се видливи траги од силувања, како и дека се застрелани во тилот.
Во градот Красноармијск во источната украинска Донецка област, која е центар на бунтот на рускојазичното население, од 80 илајди жители повеќето се етнички Украинци кои како мајчин го наведуваат рускиот јазик, бил распореден баталјонот ’Дњепар-1’ на украинските сили лојални на прозападните власти во Киев, за кој во вторникот Захаречнко изјави дека е уништен. Украинските власти ги отрфлаат овие обвинувања, додека меѓународните организации за човекови права ги испитуваат ваквите наводи./крај/мф/сн
Извор: AFP/ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.