Црна хроника
Бугарин со фалсификат документи за Ауди сакал да влезе во Македонија
Полицијата на граничниот премин Ново Село спречи бугарски државјанин со фалисфикувани документи за патничко возило да влезе во Македонија.
Кривична пријава е поднесена против бугарскиот државјанин И.С.(51) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “фалсификување исправа”. Пријавениот на 29.04.2013 година во 12.30 часот на ГП „Ново Село“ допатувал со ПМВ „Ауди А4“ со бугарски регистарски ознаки при што по извршен детален преглед на возилото констатирано е дека на возилото му е фалсификуван VIN бројот од типската налепница, при што е забележано не совпаѓање на поголем број на карактери (букви и бројки) помеѓу VIN бројот втиснат на шасијата на возилото и VIN бројот втиснат на типската налепница на возилото. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Мерцедес“ излета од патот во Скопје, повредена 44-годишна жена
Денеска во 01.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, пред крстосницата со бул.„Србија“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од с.Јурумлери, скопско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ж.К.(44) од с.Трубарево, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведени двајца малолетници од Скопје: полицијата пронашла боксирач и ножеви
Синоќа во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од с.Сарај, скопско.
Кај нив биле пронајдени и одземени два ножа и еден боксирач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Возило излета од патот во Кичево: тројца повредени
Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во близина на влез за с.Лисичани патничко возило „тигуан“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.С.(38) од Кичево, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С.(50), а со телесни повреди се здобиле М.М.С. и сопатничката С.Б.(52), констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.