Скопје
Заев смета дека изгласувањето на ДУП-овите во општина Центар е надвор од законските рамки
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, цитирајќи го членот 62 од Законот за локална самоуправа, на својот Фејсбук профил, нагласи дека постапката за изгласувањето на деталните урбанистички планови во Советот на општина Центар е надвор од законските рамки.
„Според членот 62 од Законот за локална самоуправа Советот на општините донесува прописи во вид на статут, програми, планови, одлуки и други прописи. Прописите пак, се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определено со закон“, стои наведено во текстот на Фејсбук профилот на Заев.
Според ова, како што истакнува лидерот на СДСМ, деталните урбанистички планови спаѓаат во прописи и треба да бидат донесени со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
„Постојат и одлуки на Уставен суд, дека ДУП се носи со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот“, истакнува Заев.
Иако претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, се изјасни „против“ деталните урбанистички планови за Тасино Чешмиче и Капиштец, откако советниците од СДСМ и коалициските партии одлучија да ја напуштат седницата во знак на револт, тој со неговото присуство обезбеди кворум за гласање по што советниците од ВМРО–ДПМНЕ ги изгласаа спорните измени.
Со новиот детален урбанистички план за Тасино чешмиче се овозможува изградба на десеткатница со висина од 35 метри на местото на хотелот „Панорама“ на Водно, измена што деновиве предизвика бранувања во македонската јавност, бидејќи како што претходно истакна градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во 2009 година бил предвиден само еден спрат, но и тогаш Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија констатирал дека параметрите на земјиштето го немаат потребниот фактор на стабилност.
„Ако за еден спрат експертите се загрижени за безбедноста и стабилноста на земјиштето, тие што утре имаат намера да гласаат за овој ДУП, нека сфатат што ќе значи изградба на десеткатница”, апелираше во петокот градоначалникот на Центар Андреј Жерновски./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.
Македонија
Делови од Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил ф-2“ на крстосницата ул.Октомвриска Револуција/ бул.Партизански Одреди, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10, 12 и 14 на ул.Октомвриска Револуција и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(Карпош)
· поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Наум Наумовски Борче бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Наум Наумовски Борче бр.63. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.(Центар)

