Спорт
Во Реал оценија: Ниту едно засилување (освен Нејмар) не вреди 100 милиони евра
Хулен Лопетеги го имаше првиот тест како тренер на Реал Мадрид, при 2:1 поразот од Манчестер јунајтед на американската турнеја во Мајами, и според „Марка“ веќе се направени некои клучни одлуки за иднината на клубот.
Лопетеги смета дека Марко Асенсио ќе…

Хулен Лопетеги го имаше првиот тест како тренер на Реал Мадрид при 2:1 поразот од Манчестер јунајтед на американската турнеја на Мајами и според „Марка“, веќе се направени некои клучни одлуки за иднината на клубот.
Лопетеги смета дека Марко Асенсио ќе биде достојна замена за Кристијано Роналдо во нападот наместо да се трошат огромни суми на Еден Азар. Според „Марка“, во Реал постои консензус дека ниту еден фудбалер (со исклучок на Нејмар, кој не заминува од Пари Сен-Жермен) не вреди над 100 милиони евра, така што барањето на Челси за 200 милиони евра за Азар значи дека договор нема да има.

Во Реал се сигурни дека Асенсио ќе ја искористи својата шанса на левото крило и довербата во младото момче од Мајорка оди дотаму што и претседателот Флорентино Перез решил дека нема трошење многу пари сѐ додека Нејмар не реши да замине од Париз, најверојатно, в година.
Лопетеги исто така има доверба и во другите млади фудбалери во составот, така што не би било чудно Винисиус, Дани Себалјос и Мартин Одегард да добијат поголема шанса оваа година. Новиот тренер, слично како и Зинедин Зидан пред него, вели дека е совршено задоволен од својот состав и дека нема потреба од нови фудбалери. Останува да се види дали ова е вистински пристап за клубот што претходно беше прв во лов на најскапите и најталентирани фудбалери.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

