Регион
СИРИЗА победник на предвремените парламентарни избори во Грција
Грчката левичарска партија СИРИЗА победи на предвремените парламентарни избори во Грција кои се одржаа во недела, покажуваат прелиминарните официјални резултати, пренесуваат грчките медиуми.
Според соопштението на грчкото министерствот за внатрешни работи, по пребројани 20,11 проценти од гласовите, СИРИЗА освоила 36,2 проценти и ќе има помеѓу 149 и 151 место во 300-члениот парламент, пренесува агенцијата АНА.
На второ место е партијата Нова демократија на сега веќе грчкиот премиер во заминување Андонис Самарас, со освоени 29,14 отсто од гласовите.
Изборната победа на Ципрас преставува историско случување за земјата поради тоа што тој наверојатно ќе биде првиот ултра левичарски премиер на Грција, а исто така и најмлад грчки премиер во поновата грчка историја.
Ципрас е роден на 28-ми јули 1974 година, клучна за политичките промени во Грција бидејќи тогаш беше срушена воената диктатура која што ги прогонуваше левичарите и комунистите. Тој важи за атипичен политичар за грчки услови, а тајната на неговиот успех е во тоа што не припаѓа нити на социјалистичката Пасок, нити на конзервативците на Нова демократија.
Ципрас исто така претставува освежување во грчката традиционален политички спектар поради тоа што избирачите на двете етаблирани партии кои со децении се предводени од познатите политички династии, веќе се презаситени.
Политичките аналитичари се согласуваат дека Ципрас не би успеал без внимателно планирање, а клучниот став кој го одвојува од останатите политичари е доследната позиција дека решението е во рацете на Атина, ако успее да се оттргне од ригорозните барања за штедење кои пред неа ги постави Европската унија (ЕУ).
Политичките противници на Ципрас му замеруваат за неискуството, коментирајќи дека само после неколку години во парламентот, без искуство во финансиските и правните работи, Ципрас би бил „до гуша“ во проблеми, кога би се нашол на преговарачка маса со претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) или Европската централна банка (ЕЦБ).
Ципрас и претставниците на СИРИЗА веруваат дека кредиторите ќе се согласат за нови преговори околку отплатата на долгот на Атина, кога ќе бидат соочени со левичарска влада со силни мандати. Дека Цирпас ќе остане доследен на своите предизборни ветувања говори и неговата изјава дека „може да се променуваат позициите, но не и своите принципи“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

