Спорт
Распродадена е „седумката“ на Роналдо
Јувентус од доаѓањето на Кристијано Роналдо продал повеќе од 300.000 дресови со неговото име. Само во првите 24 часа од трансферот, „седумката“ на Роналдо биле продадени 250.000 дресови, а до денес се продадени уште 55.000 „седумки“ со името на Роналдо…
Јувентус од доаѓањето на Кристијано Роналдо продал повеќе од 300 000 дресови со неговото име. Само во првите 24 часа од трансферот биле продадени 250 000 дресови со „седумката“ на Роналдо, а до денес се продадени уште 55 000 „седумки“ со името на Роналдо.
Како што пишува „Тутоспорт“, во специјализираните продавници повеќе нема дресови во продажба.
Новиот контингент ќе пристигне кон крајот на септември кога се очекува компанијата „Адидас“ да испорача доволна количина за сите заинтересирани купувачи.
Оригиналниот дрес на Јувентус за сезоната 2018/2019 се продава по цена од 104,95 евра, а оние што сакаат на дресот да ја имаат „седумката Роналдо“, мора да доплатат уште 40 евра.
Од продажбата најголем дел оди кај „Адидас“, техничкиот спонзор на клубот. Според „Тутоспорт“, Јувентус досега од продажбата на дресови со името на Португалецот има заработено 6,5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грилиш постигна гол по 392 дена, Сити го декласира Салфорд
Манчестер сити доминантно избори пласман во четвртото коло во ФА купот. „Граѓаните“ со 8:0 го победија Салфорд, клуб чии газди се Рајан Гигс, Гери и Фил Невил, Пол Сколс и Ники Бат.
Се започна со голот на Џереми Доку во осмата минута, на асистенција на Џек Грилиш.
Во 20. минута погоди дебитантот Дивајн Мубама, а младиот Нико О’Рајли во 43. минута го постигна третиот гол.
Грилиш, во вториот дел реализираше пенал, тоа е негов прв гол (во кое било натпреварување) од 16 декември 2023 година, кога постигна гол против Кристал Палас. Од тој натпревар поминаа 392 дена.
Манчестер сити има постигнато осум или повеќе голови на еден натпревар од ФА Купот за прв пат во 92 години. Џејмс Мекати е првиот Англичанец кој постигнал хет-трик во ФА Купот за Сити по Роби Фаулер во 2006 година.
Спорт
Интер подготвува трансфер кој ќе го стресе Милано
Италијанскиот шампион Интер подготвува трансфер кој ќе го стресе градот Милано. „Нероаѕурите“ се насочени кон голманот на Пари Сен Жермен и Италија, Џанлуиџи Донарума.
Интер е во потрага по замена за Швајцарецот Јан Зомер кој има 36 години, мета е најдобриот италијански голман.
Донарума има договор со Пари Сен Жермен до летото 2026 година, но неговиот статус на „Паркот на принцовите“ не е најдобар во последно време и се чини дека францускиот шампион сака да го продаде.
Тренерот Луис Енрике не е задоволен од Донарума, па во вториот дел од сезоната голот на „светците“ го бранеше Русинот Матвеј Сафонов.
Според експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио, Интер веќе имал првични разговори со Донарума.
Доколку Донарума навистина одлучи да го облече дресот на Интер, тоа сигурно дополнително ќе ги налути навивачите на неговиот матичен клуб Милан, кои се уште не му простиле што го напушти клубот како слободен играч во 2021 година.
На секој натпревар на италијанската репрезентација во Милано, Донарума е исвиркан од навивачите на Милан, а евентуалниот трансфер само дополнително ќе го влоши работите.
Спорт
(Видео) Кејн погоди за победа на Баерн во Менхенгладбах
Баерн Минхен ја забележа 12-та победа во Бундеслигата оваа сезона, откако во Менхенгладбах ја победи Борусија со 1-0.
Моментот кој го реши дуелот се случи во 68. минута кога Хари Кејн беше прецизен од 11 метри.
Пеналот за Баерн беше досуден откако Лукас Улрих го фаулираше Мајкл Олисе. Кејн го постигна својот прв гол во ноември, откако во декември не играше месец поради повреда. За Англичанецот ова беше 15.гол сезонава во Бундеслигата.
Баерн има четири бода повеќе од актуелниот шампион Баер Леверкузен на врвот на табелата.
Борусија моментално е на десеттото место.