Скопје
Издадени 220 одобренија за градење во Општина Илинден во 2014 година

Вкупно 220 одобренија за градење, од кои 20 одобренија за изградба на стопански објекти, 20 одобренија за градење за општински инфраструктурни објекти како што се улици, патишта и мостови и 180 одобренија за изградба на станбени објекти, издадени се во Општина Илинден во текот на 2014 година.
Вкупниот број на издадени одобренија за градење во 2014 година е за 2,5 пати поголем од издадените одобренија во 2013 година. Истовремено, бројот на издадени одобренија за индивидуални станбени куќи во 2014 година е за 4,5 пати поголем во споредба со 2013 година.
„Со издавањето на одобренија за градење само во 2014 година, се овозможи изградба на индивидуални станбени објекти и стопански објекти со намена за лесна и незагадувачка индустрија како што се: откупен центар со ладилник за овошје и зеленчук, фабрика за производство на кондиторски производи, погон за текстил, производство со прехранбена индустрија, магацин со станица за технички преглед, постројка за производство на дизел гориво, производство на челични профили, производство, пакување и дистрибуција на амбалажа, фотонапонска сончева централа, стовариште за бои и лакови, две станбени згради, станбено деловна зграда, како и хотелско–угостителски комплекс и парна котлара, во локалните економски зони во Општина Илинден“, информира локалната власт. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Воз удри во автомобил кај Зелениково, нема повредени

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Зелениково, воз удрил во патничко моторно возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Скопје во 18:10 часот. Според пријавата, воз удрил во автомобил управуван од Ж.М.К. (51) од Скопје, додека возот бил управуван од С.М.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош Скопје, која констатирала дека нема повредени.
Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.
Скопје
Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата кај улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 19 април околу 21:15 часот, кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 18-годишниот А.Н. од Скопје, се судрило со автомобил „БМВ“ со чешки ознаки, управуван од Т.К. (24) од Струга.
Во судирот, тешки телесни повреди добил 20-годишниот С.Ј. од Скопје, кој бил сопатник во возилото „БМВ“. Телесни повреди добиле и двајцата возачи, како и две девојки – А.Ф. (20) и М.Р. (19), сопатнички во „Фолксвагенот“, сите од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им биле констатирани повредите.
„На местото на несреќата излезе увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на причините и околностите под кои се случил судирот“, соопштуваат од МВР.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.