Политика
СДСМ го промовираше својот проект за вработување на младите и го критикуваше оној на ВМРО-ДПМНЕ
Нашата борба е младите луѓе да останат во Македонија и затоа го создадовме проектот „Гаранција за млади“ којшто го базиравме на многу добри европски искуства и практики а го прилагодивме за македонски услови, рече во саботата пред новинарите Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ, додека истовремено портпаролот на најголемата опозициска партија Петре Шилегов пред Агенцијата за вработување ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека нејзиниот проект го користи за вработуваа „на црно“
Проектот ,,Гаранција за млади“, како што појасни Шеќеринска, ќе значи дека државата ќе гарантира на сите млади граѓани во Македонија дека веднаш по завршувањето на образованието во рок од четири месеци секој млад човек ќе може или да го продолжи образованието или да добие понуда за работа или да добие можност за практика, обука или тренинг со којшто ќе се прилагоди на потребите на некое работно место коешто е на располагање.
„Овој метод, овој инструмент, овој проект во многу европски земји даде добри резултати и ние сметаме дека ова треба да биде фокусот на младинските политики за да младите не заминуваат туку да останат во татковината. Со ова покажуваме дека како политичарите мора да се трудиме да ги решаваме проблемите. Дека како политичари сме свесни дека младите не заминуваат заради невозвратена љубов туку заминуваат заради егзистенцијални проблеми, заради низок животен стандард, заради неможност да ги решат тие проблеми во својата татковина“, рече Шеќеринска.
Поранешната челничка на опозициските социјалдемократи дополни дека во нејзината партија сметаат оти ипот погрешни политики, економски, социјални, образовни кои ги практикува актуелната власт, довеле до ситуација, како што тврди Шеќеринска, повеќе од половина од младите да изјавуваат дека сакаат да ја напуштат татковината.
„Тоа ќе се промени од 11-ти декември. Граѓаните имаат потреба од сигурност, граѓаните имаат потреба од иднина. За да ѝ обезбедиме иднина на Македонија треба да обезбедиме иднина на младите во нашата земја“, заклучи потпретседателката на СДСМ.
Партискиот портпарол, пак, во саботата трврдеше дека во Агенцијата за вработување работат непријавени работници.
Презентирајќи документ од Ревизорскиот извештај Шилегов рече дека е забележано оти Агенцијата за вработување ангажирала работници, хигиеничари и портир без да склучи договори со нив како што наложува Законот за работни односи или договори за услуга како што е предвидено со Законот за агенциите за привремени вработувања.
„Ваков ли е наводниот проект Македонија вработува на обвинетиот Никола Груевски, што го спроведува власта токму преку оваа Агенција? Ако Агенцијата за вработувања ангажира работници “на црно“, што се случува во другите државни институции?! Што се случува во другите правни субјекти?“, рече Шилегов.
Оцени дека кадрите на поранешниот премиер и челник на ВМРО-ДПМНЕ ги раководат институциите противзаконски и ги кршат работничките права и оти тоа претставувало „опасна порака“ до другите работодавци од Агенцијата за вработување.
Шилегов побара Државниот инспекторат за труд „веднаш“ да постапи по наодите содржани во Ревизоркиот извештај и на непријавените работници да им бидат обезбедени договори за работа и пензиско, социјално и здравствено осигурување! Агенцијата за вработување да понесе одговорност./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.