Контакт

Спорт

Циципас го шокираше Ѓоковиќ, Димитров пак преживеа „маратон“

Стефанос Циципас неодамна стана Интернет-ѕвезда по обидот да се самоказнува со удари во главата, меѓутоа во талентот на 19-годишниот грчки тенисер никој не треба да се сомнева, откако тој успеа со 6:3/6:7(5)/6:3 да го елиминира шампионот од Вимблдон, Н…

Објавено пред

Стефанос Циципас неодамна стана Интернет-ѕвезда по обидот да се самоказнува со удари во главата, меѓутоа во талентот на 19-годишниот грчки тенисер никој не треба да се сомнева, откако тој успеа со 6:3/6:7(5)/6:3 да го елиминира шампионот од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ во третото коло на Роџерс купот во Торонто.

dobivaj vesti na viber

За Циципас, кој претходно ги елиминираше Дамир Џумхур и Доминик Тим ова е сигурно најголемата победа во неговата кратка кариера.

Григор Димитров пак, втор меч едноподруго го добива тај-брејкот во последниот сет, за да го совлада Френсис Тиафоу со 7:6(1)/3:6/7:6(4) и да постави четврт-финале против финалистот од Вимблдон, Кевин Андерсон.

Откако во претходното коло со тај-брејк во третиот сет го совлада шпанскиот ветеран, Фернандо Вердаско, му требаа 2 часа и 26 минути против 20-годишниот Американец Тиафоу, кој претходно го елиминираше Милош Раонич.

Циципас се казнуваше за лошата игра со удари во глава! (видео)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Колку заработи Новак со пласманот во полуфиналето на Вимблдон – шеикот може да му даде уште повеќе пари

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ со мали проблеми успеа да стигне до полуфиналето на Вимблдон, победувајќи го Флавио Коболи со 3-1.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер со тоа закажа полуфинален судир со Јаник Синер, но веќе заработи огромна сума пари.

Според официјалните бројки, секој полуфиналист ќе заработи најмалку 775.000 фунти, што е околу 900.000 евра.

Поразениот од финалето на Вимблдон ќе добие 1.520.000 фунти, додека победникот ќе добие дури 3 милиони фунти.

Интересно е што Ѓоковиќ би можел да добие уште повеќе пари од шеикот од Саудиска Арабија до крајот на годината.

Како и минатата година, се очекува српскиот тенисер да игра на егзибициски турнир наречен „Six Kings Slam“, каде што победникот треба да добие околу шест милиони евра, а секој од учесниците би можел да биде побогат за 1,5 милиони.

Што се однесува до АТП поените, Новак сè уште не е во плус, што се однесува до Вимблдон. Тој играше финале минатата година, па ако нема борба за титулата, ќе изгуби АТП поени, но во најлош случај ќе остане шести во светот.

Доколку ја освои титулата на Вимблдон, српскиот тенисер би можел да скокне на четвртото место (исто така е потребно Тејлор Фриц да биде елиминиран во полуфиналето).

Прикажи повеќе...

Спорт

Вимблдонска приказна која треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на највисоките македонски државници во враќањето на дигнитетот на овој симбол на македонската државност би бил да им понудат македонски пасош, па и титула почесен конзул, на членовите на едно успешно чилеанско семејство, кое не само што не ги заборавило своите македонски корени, туку и се гордее со нив.

Себастијан Варела Намиас е 35-годишен новинар од Чиле, кој последниве години работи како тениски новинар за порталот Клеј тенис од Сантијаго, иако не е фокусиран само на таа област. Неговата професионална кариера е исполнета и со други понезабавни работни ангажмани од оние кои ги носат спортските настани и патувањата по најголемите гренд-слем турнири и Олимписки игри. Во 2017. година ја добил наградата за истражувачка сторија, која ја направил со неговата колешка Наталија Кореја и која се однесувала на одредени неправилности во чилеанската армија. Од пред еден месец, новинарската биографија му е побогата за уште едно престижно признание: добитник е на наградата „Том Перота“ за тениско новинарство за 2025 година, која ја доделува Меѓународното здружение на тениски писатели (ITWA).

Талентот за убаво пишуван збор смета дека го наследил од неговата баба Грасиела Контрадор, која била позната писателка на фантастични романи во Чиле.

Овој дипломиран студент по журналистика од Универзитет Католика во Сантијаго, го запознав сосема случајно во 2019 година, на првиот ден од турнирот во Вимблдон, кога ја правев анкетата меѓу известувачите за нивните предвидувања кој ќе го освои тревнатиот гренд-слем во Лондон.

Еден од соговорниците ми беше токму и Себастијан, кој на самиот крај од разговоро се заинтересира од каде доаѓам и за кој медиум работам. Кога слушна Македонија и Макфакс, ме изненади со неговиот коментар:

„И јас сум по потекло од Македонија, моите предци се дојдени во Чиле, од Монастири“.

Иако затечен од слушнатото, веднаш знаев дека имам занимлива приказна, која мора да биде споделена со читатлите на Топ Спорт и Макфакс. Во продолжение следи интересната исповест на Себастијан за потеклото на неговите предци и кога и зошто „отпловил“ нивниот параход од Битола за Чиле.

„Моето потекло е еврејско и моите предци се доселиле во Македонија од Шпанија во 15-тиот век, за време на прогонот на Евреите од католичката црква. Од тогаш, тие со генерации живееле во Битола, се некаде до почетокот на триесеттите години на минатиот век, кога на мојот прадедо, кој бил трговец, му се случила голема несреќа и во пожар му изгорел целиот имот. Поради тоа, тој решил да побара некое друго место за живот каде би го продолжил животот и би почнал да го развива бизнисот од почеток. Некој пријател му кажал дека добра земја за трговија е јужниот дел од Чиле и тој решил да замине таму сам, додека неговата сопруга, а мојата прабаба, со шесте деца останала да живее во Битола. После една и пол година и таа се преселила со децата во Чиле и таму започнале нов живот од почеток, во градот Балдивија. Мојот дедо, а таткото на мојата мајка, бил седмото дете на прабаба ми, роден е во Чиле и ја оженил баба ми Грасиела, која била писателка на фантастични романи“.

Истражувајќи ги своите корени, Себастијан открил дека многу од роднините на неговите предци останале да живеат во Битола и за жал сите страдале со почеток на Втората светска војна, кога Македонија била окупирана од бугарските фашисти. Голем дел од нив или биле погубени во Битола или однесени во концентрациониот логор Треблинка во Германија. Само еден подалечен роднина успеал да преживее.
„Гледано од подоцнежна временска дистанца, испаѓа дека несреќата на мојот прадедо да му изгори сиот имот, всушност била среќа, бидејќи се отселил во Чиле. Во спротивно, најверојатно и тој со прабаба ми и нивните деца би страдале од нацистите“.

Во тоа време, поради семејната трагедија во Битола, но и поради состојбата во цела Европа во време на нацизмот, Чиле навистина претставувал ветена земја за нов почеток. Децата на прадедото на Себастијан пораснале во Чиле, се школувале и почнале нов бизнис во областа на градежништво. Во раните педесети години ја формирале градежната компанија Намиас Херманос (Браќа Намиас), која денес е една од најголемите во Чиле и гради резиденционални објекти и ресорти на океанскиот брег на Чиле.

Меѓутоа, колку и семејното стебло да почнало да се разгранува, а успешно водениот бизнис да пружа материјална сигурност, тие никогаш не заборавиле од каде се нивните корени и од каде стигнале во Чиле.

„Еден од моите роднини има пишувано книга за нашето родово стебло и семејна историја, која почнува од Викторија, мајката на моите пра-прадедовци која живеела во Битола. Во таа книга има опишано многу детали од нивниот живот во Битола како и фотографии од тоа време. Сметам дека е многу важно луѓето да знаат од каде доаѓаат, и од каде им е потеклото. Тоа е причината зошто сакам да ја посетам Македонија“.
Културата на помнење е одлика на цивилизираните луѓе, а преку нив и на нациите на кои им припаѓаат тие. Дали посетата на Битола за Себастијан би претставувала само посета на уште еден град од многуте кои ги има посетено во својот живот или кај него ќе се роди посебен сентимент кога ќе прооди по улиците и сокаците по кои газеле неговите предци и кога ќе го види местото на кое била нивната родна куќа?
„Сигурно дека ќе имам посебно емотивно доживување. Некои роднини на мојата мајка веќе биле во Битола и ги посетиле деловите каде живееле нашите предци. Јас сум со авантуристички дух и многу сакам да ја посетам Битола и да чекорам по улиците за кои ќе знам дека некогаш во минатото тука чекореле и моите предци. И сигурно ќе го направам тоа. Сто проценти сум убеден“.

Како објаснува Себастијан, со кого од првиот ден почнавме да се обраќаме со „земјак“, веројатно поради неговото европско потекло, кога патува луѓето мислат дека е Италијанец или Грк, а не Чилеанец.

„Дефинитивно од сега ќе почнам да кажувам дека сум Македонец. Всушност, и порано често пати на моите профили на социјалните мрежи го ставав македонското знаме и луѓето мислеа дека сум од Македонија. Исто така, од сега понатака родниот град на моите предци нема да го викам Монастири туку исклучиво Битола“ – ветува Себастијан.

Разговорот го завршивме со верба во Бога за добро здравје и да се видиме на следниот Вимблдон, а потоа да се посети Македонија, и, секако, Битола.

До тогаш, како домашна задача, Себастијан прифати три обврски:
1. Да научи 100 збора на македонски јазик.
2. Да научи да ја пее „Битола, мој роден крај“, и
3. Да се одлучи дали ќе навива за Вардар или Пелистер.

Многу полесна задача од Себастијан имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски. Семејството Намиас заслужува да има македонско државјанство, а Македонија свој почесен конзул во Чиле!

Ненад Живановски-Столиќ

Прикажи повеќе...

Спорт

(Фото) „Што се однесува до мене, сè уште не сум завршил“: Ѓоковиќ испрати порака до сите кои го испраќаат во пензија

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ прави „невозможни“ работи дури и на 38 години – повторно стигна до полуфиналето на Вимблдон, што ќе биде 14-то во неговата кариера.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер беше подобар од Флавио Коболи во четвртфиналето по водство од 3:1 во сетови – 6:7, 6:2, 7:5, 6:4.

Ѓоковиќ, исто така, даде изјава на социјалните мрежи по натпреварот. Тој му оддаде почит на својот ривал по којзнае кој пат, но имаше и порака за сите оние кои сè уште не веруваат во него.

„Голема почит за Флавио – одличен играч, одлична иднина. А што се однесува до мене? Сè уште не сум завршил. Полуфинале, одиме“, напиша Ѓоковиќ заедно со слики од натпреварот.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт33 минути

Вимблдонска приказна која треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет2 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа2 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат низ Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија2 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија11 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија12 часа

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија14 часа

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија15 часа

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...

Македонија15 часа

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија18 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија19 часа

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија19 часа

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија21 час

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....

Македонија22 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење на пожарот во Дојран беше активиран хеликоптерот „агуста бел 212“, со кој во повеќе налети...

Регион24 часа

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или...

Македонија24 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Чучер-Сандево е целосно изгаснат, денеска фокусот ќе биде гасењето на пожарот во Дојранско

Рано утрово пожарот кој три дена гореше во атарот на општина Чучер-Сандево е целосно изгаснат. Сè уште се гледа чадење...

Свет1 ден

(Видео) Пентагон ги запре испораките на оружје за Украина, Трамп не знаеше: „Беше затекнат“

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, минатата недела не ја известил Белата куќа дека планира да ги запре испораките...

Свет1 ден

(Видео) Трамп на тајна снимка: Му реков на Путин дека ќе ја бомбардирам Москва ако ја нападне Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите собрани на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на...

Свет1 ден

Министерот на Трамп: Собравме 100 милијарди долари од царини

Министерот за финансии, Скот Бесент, изјави дека САД досега собрале околу 100 милијарди долари приходи од царини оваа година, а...