Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Според полицијата, вчера во 18.20 часот на булеварот Борис Трајковски во Скопје се судриле „хонда сивик“ со скопски регистарски таблички, управувано од Х.К. (19) од Скопје, и патничко возило „југо“ со скопски регистарски таблички, управувано од З.М. (69) од Скопје.
Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничката од „југото“, Б.М. (61) од Скопје, а телесни повреди добил возачот З.М.. Со возило на Итната медицинска помош тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
17-годишник пукал од неговото кон друго возило
Малолетник од Скопско пукал од неговото кон друго возило.
Имено утрово во 01.00 часот во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, скопско, пријавил дека на 23.05.2024 околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат“, а со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон“.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Полицаец бил нападнат од осуденик во затворот Идризово
Осуденик нападнал полицаец во затворот Идризово, соопшти полицијата.
Синоќа во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата.
МВР информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се судрија товарни возила во Битола: тешко повреден сопатник
Во СВР Битола, вчера во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Широк сокак“, кај Саат кула во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(45) од с.Долно Оризари, битолско и товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Лопатица, битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „ивеко“ А.М.(48) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.