Македонија
Лажната адвокатка од Охрид молчи за измамата, а ѝ се заканува затвор до три години
Охриѓанката Емилија Стојановска, која лажно се претставувала како адвокатка во охридскиот суд и притоа работела предмети од странки на кои им била потребна правна помош, не кажува дали има правосуден испит и лиценца за работа. Стојановска посочи одговорите да ги бараме во институциите. Основното јавно обвинителство веќе оформило предмет и собира докази за охриѓанката Стојановска. Доколку таа биде обвинета за кривичното дело измама, во Кривичниот законик е предивдена парична казна или затвор до три години.
„Во лоша здравствана состојба сум, немам што да ви изјавам. Ќе ве тужам и ќе се видиме на суд. Одговорите барајте ги во институциите. Од каде вие знаете дека сум работела како адвокат?“, праша Стојановска. Кога ѝ посочивме дека поставила рекламна табла на која пишува дека врши адвокатски услуги, Стојановска посочи: „Па не мора да работам како адвокат за да си поставам табла, може така сум ја ставила“.
Штетите што ги предизвикала Стојановска застапувајќи предмети како адвокат без лиценца може да бидат огромни, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за „Макфакс“.
„Ако странките ги измамила дека е адвокат, тогаш во согласност со законот предвидена е казна затвор и нивно обесштетување. Доколку има странки што ги изгубиле споровит и побараат предметите да се поништат, тие ќе мора да се вратат на повторно судење“, вели Давидовиќ, кој вели дека има низа судски аномалии.
Основањето на адвокатско друштво се отвора со лиценца на адвокатот, која Стојановска ја немала. ОЈО ќе треба да провери и како охриѓанката отворила адвокатско друштво и извадила печати за работа без лиценца.
Инаку, повеќе од две години Емилија Стојановска од Охрид работела како адвокат. Незаконското застапување странки го открила судијката Весна Кичеец во тек на судење, каде што полномошник била Стојаноска. Вработени во охридскиот суд веќе биле на распит во ОЈО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

