Црна хроника
Изгоре покривот на манастирот Свети Прохор Пчињски
Силен пожар го зафати Кралскиот конак на манастирот Прохор Пчињски во Србија, јавуваат српските медиуми додавајќи дека во стихијата целосно изгорел покривот на објектот.
Полицијата ја потврдила ваквата информација и најавува подетални информации во текот на денот.
Манастирот Св. Прохор Пчињски се наоѓа во близина на Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, 30 км јужно од Врање.
Токму во овој манастир на 2 август 1944 година беа удрени темелите на македонската државност.
Се верува дека објектот бил изграден во 11 век од страна на византискиот цар Роман Диоген во знак на благодарност на Светиот Прохор Пчињски кој наводно предвидел дека тој ќе стане цар./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Таткото со ловечка пушка си го убил синот во Тетово, соопшти полицијата
Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Топ
Маж од Тетово пронајден мртов со прострелна рана во главата во неговиот дом
Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија од СВР Тетово за „Макфакс“.
Топ
Автомобил падна во Вардар, четиригодишно дете пренесено на Клиника
Попладнево во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар.
Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.
На лице место е и јавен обвинител.
Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар информираат од МВР за „Макфакс“.