Спорт
Белорусите пресилни за кадетите во полуфиналето
Македонската кадетска ракометна репрезентација загуби со 32:30 (17:13) од Белорусија во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Грузија, кога не успеа да се врати по лошото прво полувреме.
Белорусите беа во водство во поголемиот дел од натпреварот и тоа со …


Македонската кадетска ракометна репрезентација загуби со 32:30 (17:13) од Белорусија во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Грузија, кога не успеа да се врати по лошото прво полувреме.
Белорусите беа во водство во поголемиот дел од натпреварот и тоа со разлика од четири-пет гола, пред со добар финиш да се доближиме на два гола разлика.
За селекцијата на Данило Брестовац по петте победи во петте меча досега, следува пресметката за третото место со репрезентацијата на Швајцарија која веќе ја победија во групната фаза. Италија успеа да ја совлада Швајцарија со високи 27:21.
Поразот значи дека и за две години, кадетите ќе настапуваат во ЕХФ шампионатот, наместо на највисокиот ранг, Европското првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.
Спорт
(Видео) Меси со спектакуларен гол ја режира победата на Интер

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54-та минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот.
Во првото полувреме, Порто беше подобриот тим. Тие поведоа веќе во осмата минута кога шпанскиот репрезентативец Сама постигна гол од пенал. Португалците можеа да водат поубедливо, но не ги искористија своите можности.
Сè се промени за осум минути во второто полувреме. Прво, Сеговија го израмни резултатот по додавање на Вејнгант, а потоа волшебникот од Росарио реши сè.
Палмеирас и Интер сега имаат по четири бода, додека Ал Ахли и Порто имаат по еден бод.