Македонија
Утре Груевски, Јанкулоска, Јанакиески повторно ќе слушаат необјавени бомби во судницата

Утре во кривичниот суд во Скопје треба да се одржи ново судско рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство за изборни измами и злосториничко здружување, со кодно име „Титаник“. Од предложените 1063 бомби како доказ, досега во судницата беа пуштени 115. За 7 од бомбите, по барање на СЈО, судот одлучи јавноста да биде исклучена со цел заштита на приватниот живот на некои од сведоците кои ги има во бомбите.
Судското рочиште за овој предмет во петокот траеше до 16.30, а судијата Осман Шабани, какопретседател на Советот, рече дека рочиштето ќе трае пократко затоа што е ден пред викенд. Адвокатите на обвинетитепостојано се обидуваа со процесни приговори да го спречат пуштањето на бомбите, барајќи докажување на автентичноста, како и селекција на бомбите според околностите кои СЈО сака да ги докаже од тезата на обвинението.
Специјалното јавно обвинителство за овој предмет предложи 5.910 писмени докази, а предложи и 191 сведок во постапката. Во предметот првообвинет е експремиерот Никола Груевски, а заедно со него обвинети се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.
Освен нив, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
СЈО ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во неколку изборни циклуси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стоиме на располагање, велат од Министерството за здравство по информаациите за апсењето на директорот на геријатрија

Министерството за здравство соопшти дека се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа.
„Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи“, велат од Министерството за здравство.
Македонија
Во акција на МВР и Обвинителството приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Две лица се приведени под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Од Обвинителството засега не изнесуваат повеќе детали, а некои од медиумите неофицијално објавија дека еден од приведените е Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.
Македонија
Пациентите се категоризираат според потребите за рехабилитација по пожарот во „Пулс“, соопшти Министерството за здравство

Во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица по пожарот во Кочани, соопшти Министерството за здравство.
Во болниците во земјата во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четворица се хоспитализирани на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.