Спорт
Тасев ја повлече кандидатурата, ФФМ го откажа изборното собрание
Процедурата за избор на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) очигледно не оди најдобро, откако го откажа вонредното Собрание откако Сашко Тасев, единствениот кој ги исполнуваше условите на ФФМ ја повлече кандидатурата.
Овој пот…


Процедурата за избор на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) очигледно не оди најдобро кога го откажа вонредното Собрание бидејќи Сашко Тасев, единствениот што ги исполнуваше условите на ФФМ, ја повлече кандидатурата.
Овој потег доаѓа откако Комисијата за ибори и верификација на ФФМ одреди дека само Тасев ги исполнува условите отфрлајќи ги кандидатурите на Харалампие Хаџи Ристески, Вујадин Станојковиќ и Влатко Костов.
Во продолжение следува известувањето од ФФМ.
„Комисијата за жалби при Фудбалската федерација на Македонија, постапувајќи по поднесените жалби по одлуките на Комисијата за избори и верификација на ФФМ, а во врска со поднесените кандидатури за претседател на ФФМ, ги потврди одлуките на Комисијата за избори и верификација на ФФМ.
– Кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, предложен од ОФС Кавадарци, Сашко Тасев, ја повлече својата кандидатура и писмено ја достави до архивата на ФФМ.
– Вонредната изборна седница на Генералното собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател, која беше закажана за 1 септември 2018 година, поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ, се откажува.
– Управниот одбор на ФФМ, администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат со цел организација на Генералното собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбедат максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал во 95.минута ја одложи промоцијата на Барселона во нов шампион

Фудбалерите на Барселона беа на помалку од една минута од тоа да станат нови шампиони на Шпанија веќе во среда навечер, иако не излегоа на теренот.
Откако славеа во „Ел Класико“, Каталонците беа на прагот да ја прослават 28-та шампионска титула, но благодарение на голот на Јакоб Рамон во 90+5. минута, сепак, ќе мора да почекаат до четврток и дуелот со градскиот ривал Еспањол за промоција.
Тимот на Карло Анчелоти ја победи Мајорка со 2:1 во 36-то коло на „Сантијаго Бернабеу“ и сега има четири бода помалку од Барселона.
Реал имаше 26 корнери, гостите ниту еден, но победија само во последните моменти од натпреварот… голманот на Мајорка Лео Роман блескаше со 11 одбрани.
Во 11.минута гостите од островот ги шокираа навивачите и играчите на Реал кога Валјент го совлада Куртоа.
Реал во „шарен“ состав доминираше, создаваше шанси, но и промашуваше. Сепак, во 68. минута, Килијан Мбапе со соло акција успеа да го најде пат до противничката мрежа. Тоа беше неговиот шести гол во последните четири натпревари во првенството, 28 во Ла Лига и односно 40. во неговата дебитантска сезона во дресот на Реал.
Прославата во Барселона беше во полн ек и се чекаше последниот свиреж на судијата Алберола на „Бернабеу“, но… 20-годишниот Рамон го постигна првиот гол во сезоната во својот втор натпревар во Реал.
Спорт
(Видео) Болоња се радува на трофејот во Купот на Италија

Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија. Во финалето на „Олимпико“ во Рим, Болоња го победи Милан со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Ендој во 53.минута. Вечерва, по пауза од 51 година повторно го освои Купот.
Екипата на тренерот Виченцо Италијано обезбеди пласман во Лигата на Европа, додека Милан, кој моментално е осми во Серија А, најверојатно ќе остане без пласман во меѓународните натпреварувања.
Болоња претходно го освои Купот во 1970 и 1974 година. Тие исто така имаат седум шампионски титули. Милан има освоено пет купа, а последен пат славеше во 2003 година.
🚨🇮🇹 GOAL | AC Milan 0-1 Bologna | Dan Ndoye
DAN NDOYE OPENS THE SCORING FOR BOLOGNA IN THE COPPA ITALIA FINAL !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/Sm4NgOOmAQ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) May 14, 2025
Спорт
Галатасарај 19. пат го освои Купот на Турција

Фудбалерите на Галатасарај го освоија рекордниот 19-ти трофеј од Купот на Турција, откако во финалето рутински го победија Трабзонспор.
Финалниот натпревар одигран на градскиот стадион во Газијантеп заврши со убедлива победа на Галатасарај од 3:0 (1:0).
Турскиот репрезентативец Јунуис Акгун се истакна со три асистенции: за водечкиот гол на сонародникот Барис Јилмаз во петтата минута, потоа уште две за Виктор Осимен во 46. и 63. минута. Брилијантниот Нигериец постигна 35 гола за турскиот гигант оваа сезона.
Ова е втор последователен пораз за тимот од Трабзон во финалето на Купот, откако минатата сезона беа поразени од Бешикташ во битката за пехарот.
Галатасарај е убедливо најуспешниот тим во Купот на Турција со 19 трофеи, осум повеќе од Бешикташ. Трабзон има девет пехари, Фенербахче седум.
Избраниците на Окан Бурук убедливо водат и во шампионатот на Турција, имаат осум бода повеќе од нивниот најголем ривал Фенербахче и на пат се да ја освојат двојната круна.