Европа
Москва ја поздрави забраната на САД за украински доброволечки баталјон
Руското министерство за надворешни работи ја коментираше во петокот одлуката на Претставничкиот дом на САД да се забрани давање помош на доброволечкиот баталјон „Азов“ кој во рускојазичниот исток на земјата се бори на страната на регуларните украински сили, но истакнувајќи притоа дека на американскиот Конгрес му било потребно „повеќе од година да сфати дека оваа единица е збирштина од отворени нацисти“.
Руската страна истакнува дека американскиот Претставнички дом повика на забрана за доделување опрема за обука на припадниците на украинскиот доброволечки баталјон „Азов“.
„Беше потребно повеќе од една година Конгресот на САД да увиди дека таа единица претставува збирштина од отворени нацисти, со симболи слични на хитлеровските СС единици …. Меѓутоа, подобро подоцна, откако никогаш“, се истакнува во писмената изјава на портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александр Лукашевич.
Според рускиот дипломат, следниот логичен чекор би било, „да се призне, на крајот, дека минатогодишниот државен преврат во Киев (соборувањето на претседателот Виктор Јанукович з.м.), активно поддржан од Вашингтон, бил извршен од страна на истите нацистички бандити“.
„Очигледно е дека другите формации на Националната гарда на Украина не се подобри од ‘Азов’. Крвавите злосторства на украинските националисти кои живи ги запалија жителите на Одеса (мај 2014 година – з.м.) и продолжуваат да убиваат деца и жени во Донбас, одамна говорат самите за себе. Единственото прашање е кога Вашингтон ќе посака да го види тоа“, се истакнува во соопштението.
Претставничкиот дом на САД во четвртокот го усвои предлог-законот за распределба на воениот буџет за следната фискална година, во кој е ставен и амандман со кој на Украина ѝ се обезбедуваат 300 милиони американски долари за набавка на воена опрема и оружје, вклучително и смртоносно, како и амандман со кој се забранува трошење на средствата за обука на припадниците на украинскиот доброволечки баталјон „Азов“.
Овој баталјон се најде и во извештајот од средината на април на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) повикувајќи се на претставници на Заедничкиот центар за контрола и координација (на прекинот на огнот од Минск), кога беше забележано дека во судирите меѓу украинската војска и рускојазичните бунтовници во регионот на Донецк ги провоцира неидентификувана група.
Една седмица подоцна, рускиот претставник во ОБСЕ, Андреј Келин, изјави дека ткн „трета сила“ во југоисточна Украина, чиешто присуство го регистрирале набљудувачите на ОБСЕ, се припадниците на доброволечкиот баталјон „Азов“, за кој постојат информации дека е спонзориран од некои украински милијардери блиски на новите власти во Киев.
Москва постојано потсетува и дека поранешниот заменик командант на баталјонот, пратеник во украинскиот парламент од Радикалната партија, Игор Мосијчук, изјави дека го смета за „национално предавство“ тогаш штотуку потпишаниот договор од Минск, кој на 12-ти февруари во белоруската престолнина го потпишаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

