Контакт

Македонија

(Видео) Почнува летниот караван на „Мрдни со прст“, повик да се размрдаме со донации на храна и граѓанска одговорност

Објавено пред

Граѓанската платформа „Мрдни со прст“ на денешната прес-конференција ги најави претстојните активности во рамките на летниот караван што вклучува низа активности од оние поврзани со масовни донации на храна до културни и спортски настани.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за 13. издание на фестивалот за современи уметности ‘Акто’ оваа година насловен ‘Општество во изградба’“, потоа, серија активности за најмладите и нивните родители заедно со ‘Чекор по чекор’, серија настани со спортски карактер, каде се повикуваат граѓаните да ‘се размрдаат’ и да вежбаат со ‘Размрдај се’, и конечно главен акцент ќе биде ставен на Националната хуманитарна акција за собирање храна под името ‘Нахрани 10 000’ во соработка со платформата ‘Сите сити’. Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна за ранливите категории сограѓани, кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно“, најави Ана Зафирова, поддржувач на платформата „Мрдни со прст“.

Според Блаже Јосифовски, координатор на мрежата „Сите сити“, целта на акцијата „Нахрани 10 000“ е за собирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозени граѓани  и да се овозможи редовна донација на храна до нашите сограѓани преку собирање продукти еднаш во месецот.

Првиот хуманитарен чин ќе се случи на 6 септември, кој ќе почне во 10 часот и ќе трае сè до 19 часот со амбиција овој настан да прерасне во континуирана едномесечна акција во 10 градови од земјава: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Кочани и Виница. Дел од организациите што работат со бездомници, за нив се прават посебни пакети во согласност со нивните услови за живот. За изнемоштените лица, се носи храната до нивните домови.

„Секој месец ќе се случува настанот ‘Нахрани 10 000’. Сакаме да прерасне во редовна активност во која граѓаните ќе им помагаат на ранливите категории сограѓани, кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно. Наша цел е оваа акција да биде дисперзирана во речиси сите градови низ земјава, не само во Скопје. Храната е основно човеково право, а јас верувам дека македонските граѓани се хумани луѓе и дека безрезервно ќе ја поддржат оваа акција да донираат за нашите сограѓани, кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно“, изјави Блаже Јосифовски.

Во апелот од организаторите се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна што не е лесно расиплива, како ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Според Државниот завод за статистика во Македонија, имаат проблем да обезбедат храна 445 099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат околу 12 000 тони вишок храна, што претставува за околу 26 000 граѓани да имаат по три оброка дневно. Нејзината вредност се проценува на најмлаку 11.6 милиони евра што може да се искористи како нова програма за социјална заштита.

Од фондацијата „Чекор по чекор“ до присутните се обрати Мајда Јошевска, координатор на образовната програма, чии активности се предвидени утре на 24 август на тревникот до Офицерскиот дом во Битола во рамките на фестивалот АКТО.

„Целта на настанот ‘За сите во нашата заедница, од 1 до 101 година’ е да се зајакне соработката меѓу членовите на заедницата, невладините организации и институциите преку: развивање чувство за позитивен идентитет и припадност кон заедницата, за промовирање на меѓугенерациска комуникација и за промовирање вредности како што се емпатија, почит, одговорност и поддршка. Понатаму за подигнување на јавната свест за теми од општ интерес, како важноста на раниот детски развој и улогата на семејството, важноста од вклучување во различни акции во заедницата и важноста на институционалната и семејната поддршка за ментално и физичко здравје и благосостојба на возрасните.Настанот е дел од програмата на годинашниот АКТО фестивал и ќе вклучува: Совети за здрави читачки навики; Играме, учиме и се забавуваме; Драмарама; Артивизам; Танцуваме заедно и Јога за смеење!“ изјави Јошевска.

Сите овие настани ќе кулминираат со голема целодневна дружба, која ќе се реализира во Градскиот парк во Скопје на 15 септември и ќе донесе спој на низа настани поддржани од „Мрдни со прст“ . Платформата се создаде пред речиси две години и на овој голем финален настан програмски ќе биде заокружена со настан на 5 подиуми и колоритна интерактивна програма.

„Мрдни со прст“, чија мисија е да се поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и зголемување на вклученоста во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање придонесува за големи резултати и промени. Оваа платформа ја сочинуваат голем број невладини организации кои дејствуваат на различни полиња буквално низ целиот простор на земјава. Нејзината идејна цел досега ја препознаа многу респектибилни уметници, спортисти и музичари кои инспирираат акции во кои може да се вклучи секој граѓанин“, додаде Ана Зафирова.

Македонија

ОЈО: Предложен притвор за дилер на хероин

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и можности повторно да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минчев-Зомер: во фокусот професионализација на администрацијата и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните

Објавено пред

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната соработка и беше потенцирана подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување, особено во областа на реформата на јавната администрација, која претставува еден од клучните приоритети на Владата. Во тој контекст, беше нагласена важноста од добро управување, професионализација на администрацијата и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните.

Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во развојот на системи за обука, задржување и мотивирање на кадарот, како и унапредување на услугите ориентирани кон граѓаните.

Во рамките на средбата, Швајцарија беше препознаена како партнер со значајна експертиза во областа на добро управување, институционално јакнење и развој на одржливи модели за стручно усовршување, вклучително и преку дигитални и хибридни решенија за обука, при што беше изразен интерес за истражување на можностите за соработка во рамките на Swiss Cooperation Programme – Good Governance.

Министерот Минчев нагласи дека партнерството со Швајцарската Конфедерација претставува значајна поддршка за реформските процеси.

„Реформата на јавната администрација е темел на ефикасна, професионална и граѓански ориентирана држава. Швајцарија ја гледаме како исклучително важен партнер, од кој можеме да црпиме знаење, искуство и добри практики во насока на јакнење на институциите и подобрување на јавните услуги“, истакна Минчев.

На крајот од средбата, соговорниците ја потврдија заедничката определба за продлабочување на соработката и конкретизирање на идни заеднички активности во согласност со приоритетите на реформата на јавната администрација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски утре во Истанбул: ќе учествува на вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.

Муцунски ќе се обрати на состанокот, при што се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и образованието и младите.

На маргините на состанокот е предвидено министерот Муцунски да оствари и одвоена билатерална средба со министерот Фидан, на која, покрај прашањата од доменот на билатералната соработка, ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија2 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија3 часа

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет3 часа

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија5 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија6 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија7 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет7 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет8 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион8 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет8 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет9 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија9 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија10 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет19 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија1 ден

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија1 ден

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...