Европа
Бунтовниците заземаа касарна во центарот на Донецк
Проруската народна милиција во источниот украински град Донецк ја заземала во петокот навечер касарната на украинската армија во центарот на градот, и покрај примирјето што го прогласи претседателот Петро Порошенко а го прифатија и тие кое истекува во петок навечер, потврди за медиумите портпаролот на самопрогласена Донецка Народна Република.
Градот Донецк инаку повеќе од два месеца е речиси целосно под контрола на проруските ткн народни милиции за самоодбрана кои не ги признаваат новите прозападни украински власти во Киев и во почетокот бараа федерализација на Украина, а по почетокот на воената операција на армијата за враќање на контролата во источните региони на земјата, прогласија независност во областите на кои е доминантна рускојазичната заедница познати под заедничкото име Донбас.Како што изјавил за РИА Новости портпаролот на проруските бунтовници во Донецк, Дмитриј Гау, претходно тие се обиделе да се договорат со украинските војници да се предадат, но откако не бил постигнат договор, започнале со нападот. „Имаше напад врз објектот. Милицијата ја презема контролата врз него и сега ја пребаруваат областа“, додал соговорникот на агенцијата. Не прецизирал за настрадани на двете страни, но според репортерот на агенцијата, најмалку еден бунтовник бил ранет.Според репортерот на AFP, најмалку двесте бунтовници побарале од припадниците на единицата на украинската Национална гарда во споменатата касарна, задолжени за спроведување заробеници, да се предадат и да го предадат оружјето. Кога овие одбиле, бунтовниците почнале да пукаат, и покрај примирјето коешто ги прифатија двете страни. Пред касарната имало, и оклопно возило на проруската милиција со руско знаме, известува агенцијата.Жител на Донецк кој ги поддржува милициите и чиј син бил во зградата на касарната, изјавил дека воената единица стационирана во касарната во центарот на градот, опкружена со станбени згради и локали, имало „двесте до триста луѓе“.„Бунтовниците и дадоа ултиматум на војниците кои не сака да се предадат. Борците на Донецката република почнаа да пукаат“, изјавил за AFP овој 49-годишен маж по име Сергеј.Украинската национална гарда, пак, издаде соопштение дека нападот бил одбиен и дека во него никој не бил ранет. Додава дека траат преговори со претставници на бунтовниците. Оваа единица на Националната гарда не учествувала во операциите на украинската армија којашто беше покрената во април во оваа индустриски развиена источно рускојазична област во источна Украина против бунтот. Примирјето коешто го прогласи Киев, а го прифатија бунтовниците, истекува во петок во 21 часот по средноевропско време. Вашингтон и Москва ја повикаа прозападната власт во Киев да го продолжи примирјето./крај/мф/сн
Извор: AFP/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

