Црна хроника
Лишени од слобода четворица осуденици

Скопската полиција во изминатите денови лиши од слобода четири лица кои биле осудени на затворски казни и ги спроведе до соодветната Казнено-поправната установа.
Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Aднан С.(51), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци, за сторено кривично дело “разбојништво”.
Од слобода е лишено и лицето Благоја С.(33), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од три месеци, за сторено кривично дело “тешка кражба”.
Уапсен е и Екрем Е.(43), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години и шест месеци, за сторено кривично дело “разбојништво
СВР Скопје го лиши од слобода и лицето Aцо О.(48), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година, за сторено кривично дело “фалсификување исправа”. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.