Македонија
Попова: Шилегов одвои 70 илјади евра за нови партиски вработувања

Петре Шилегов не беше способен да испрска против комарци, не знае да се справи со кучињата скитници и повеќе од 10 месеци нема ниту еден проект. Ниту пак нешто од тоа што го вети реализира, но затоа одвојува повеќе од 70 илјади евра за вработување на нови 44 административни службеници во градската администрација, иако се жалеше дека градската администрацијата е преполна, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
„Шилегов по веќе познатата шема на СДСМ распишува тендер за ангажирање на работници преку агенција за привремени вработување, за потоа истите тие по неколку месеци да се вработат и да добијат договори на неопределено време. Вака вработените ги избегнуваат законските услови кои треба да ги исполнат доколку нивното вработување би одело по редовен пат, тие ја заобиколуваат согласноста од Министерството за финансии која треба да биде дадена за секое ново отворено работно место и тестовите за администрација“, рече Попова.
Таа додаде дека Шилегов од опозиција обвинувал за превработеност во јавната администрација, а сега од позиција на власт на јавната администрација гледа како место за вработување на своите роднини, пријатели и партиски активисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.