Црна хроника
Ограбен стан во Тафталиџе

Разновиден златен накит и часовници вредни околу 240.000 денари биле украдени од стан во скопската населба Тафталиџе, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Разновиден златен накит и часовници вредни околу 240.000 денари биле украдени од стан во скопската населба Тафталиџе, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во вторник во станот сопственост на А.П. (28) на улица „Анкарска“. Арамијата со употреба на погоден предмет ја разбил вратата и влегол во станот од каде што го украл накитот и часовниците.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
25-годишник од Велес со тешки повреди пренесен во болница: управувајќи мопед паднал на коловозот

Вчера во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес, 25-годишниот К.П. од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од СВР Велес.
Црна хроника
При градежни активности на имот во Кисела Вода била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување гас

Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека при ископ и вршење градежни активности на имот на правно лице на булеварот „Борис Трајковски“, на подрачје на Кисела Вода во Скопје, била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас.
Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и инспектор за животна средина излегле на местото и било констатирано дека од страна на фирмата „Нома гас“ биле исклучени вентилите и појасниле дека на местото нема присуство на гас.
Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 291 од Кривичниот законик – „уништување или оштетување на јавни инсталации“.
Црна хроника
Жена добила тешки повреди додека работела како хигиеничарка во државна институција на подрачјето на Центар

Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, 56-годишната В.П. од село Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За настанот бил известен трудов инспектор.