Црна хроника
Вранишковски останува во затвор, Апелациониот суд ја потврди пресудата
Апелациониот суд ја потврди пресудата од минатата година со која расчинетиот владика Јован Вранишковски беше осуден на три години затворска казна за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, соопшти во четврток Основниот суд Скопје 1.
Апелациониот суд ја потврди пресудата од минатата година со која расчинетиот владика Јован Вранишковски беше осуден на три години затворска казна за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, соопшти во четврток Основниот суд Скопје 1.
„Советот на Апелациониот суд – Скопје донел одлука со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, жалбата на обвинетиот Ј.В. изјавена лично, заедничката жалба на обвинетиот Ј.В. изјавена преку неговиот бранител се одбиваат како неосновани“, се наведува во соопштението и се додава дека Основниот суд Скопје 1 правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба.
Пресудата беше донесена на 2-ри јули, 2013 година, а со неа, освен Вранишковски кој доби три години затворска казна, уште 18 лица беа осудени на две години условни казни доколку во следните пет години не го повторат делото. Сите беа обвинети за злоупотреба на црковни пари за купување имот.
Обвинетите ја оштетија Македонската православна црква за околу 13,5 милиони денари.
„Од Здружението за унапредување на граѓанските и верски слободи Анастасија од село. Нижеполе, Битола се конфискува во корист на оштетената Македонска православна Црква, непосредна и посредна имотна корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари во износ од 4.940.400,00 денари. Исто така, од обвинетиот И.П. се конфискува во корист на оштетената Македонска православна Црква имотна корист прибавена со кривичното дело во вредност од 8.595.571,00 денари што се состои во недвижен имот – земјиште“, соопшти Судот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.