Регион
Стотици новинари од Република Српска се собраа пред претседателската палата

Пред палатата на претседателот на РС се собраа голем број новинари, кои на тој начин изразија незадоволство и загриженост во врска со нападот врз новинарот на БН ТВ, Владимир Ковачевиќ.
Сепак, полицијата направи помал кордон и не дозволи приближување до претседателската палата.
Имаше новинари од сите редакции, кои го свртеа грбот кон полицијата.
Милорад Милоевиќ праша дали металните шипки значат дека секој што работи правично може да очекува тепање.
Тој додаде дека сè се решава преку дијалог.
„Не сакаме систем во кој работите се решаваат со сила. Ние нема да молчиме. Бараме слобода на говорот и движењето и нападите врз новинарите да бидат карактеризирани како напади врз официјални лица“, истакна Милоевиќ.
Тој рече дека ова е спонтано собирање.
„Меѓутоа, ако случајот не биде решен втор пат, ќе бидеме подобро организирани“, рече тој.
Тој ѝ порача на владата што побргу да закрепне и да продолжи чесно да си ја врши својата работа како и досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.