Свет
(Фото) Убиен познат камерман во Мексико, втората жртва сè уште неидентификувана
Камерманот на мексиканскиот информативен „Канал 10“ и уште еден човек се убиени од огнено оружје во одморалиштето Канкун, објави канцеларијата на локалниот обвинител.
„Канал 10“ соопшти дека жали поради ненадоместливата загуба на својот снимател Хавиер Родригез Валјадарес, кој требаше да се ожени за само неколку дена со својата долгогодишна девојка. Втората жртва сè уште не е идентификувана.
Обвинителството објави дека истрагата е во тек.
ÚLTIMA HORA | Asesinan al periodista Javier Rodríguez Valladares en Cancún #QuintanaRoo, con él ya son 82 periodistas los asesinados en lo que va del nefasto gobierno de @EPN y 231 desde el 2000 ¡Ya basta de asesinar periodistas incómodos al @PRI_Nacional y @AccioNacional, EPN! pic.twitter.com/HuZ7zUOtWo
— AntiTelevisaMx (@AntiTelevisaMx) August 30, 2018
Најмалку 12 новинари беа убиени во Мексико минатата година, а оваа година најмалку шест, според податоците на групата за заштита на слобода на говор „Член 19“.
Este 8 de Septiembre era la boda de Javier Rodríguez Valladares, joven reportero del Canal 10 de Cancún…esta tarde fue asesinado. El gremio de luto. Vamos a investigar la muerte de los 3 periodistas. Denme datos @julioastillero pic.twitter.com/vD12xFfpxK
— Pedro Canche Herrera (@pedrokanche) August 30, 2018
Конфликтите на банди што се борат да го контролираат профитабилниот пазар на дрога ја влошија состојбата на безбедноста во некогаш мирната мексиканска држава Квинтана Ро, па дури и во одморалиштето Канкун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борис Џонсон ја обвинува англиската црква за зголемувањето на дебелината во земјата
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека верските водачи треба да се справат со духовната празнина наместо со репарации за ропството бидејќи, како што рече, духовната празнина ги тера луѓето да јадат.
Тој ја обвини англиската црква за порастот на дебелината во Обединетото Кралство велејќи дека неуспехот на црквата да им обезбеди на луѓето духовна храна што им е потребна ги навела луѓето да се прејадуваат, пишува „Тајмс“.
Џонсон рекол дека кога бил помлад, ретко кој од неговото одделение бил дебел.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Свет
Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави (ЗНД).
Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики.
„Денес, во тешки геополитички услови, вашата конструктивна интеракција е особено важна“, посочи рускиот лидер и оцени дека за да се одржи стабилна ситуација во регионот, неопходно е да се идентификуваат и анализираат заканите за колективната безбедност, да се разменат информации и искуства, пренесува „Известија“.