Европа
Оланд го бележи историскиот раст на популарноста по терористичките напади

Францускиот претседател Франсоа Оланд, до неодамна најнепопуларниот шеф на државата во историјата на земјата, забележал историски раст на популарноста за 21 поен, според истражувањето на јавното мнение објавено во понеделникот со што се искачи на 40 отсто позитивно мислење за неговите политики.
Никогаш претходно институтот за испитување на јавното мнение IFOR не забележал толку голем напредок, изјави Федерик Даби, раководител во одделот за правење анкети.
Истовремено, францускиот премиер Мануел Валс добил 17 поени, со што неговата популарност достигна 61 отсто, што е многу повеќе отколку кога дојде да должноста во април 2014 година.
Анкетата била спроведена на 16-ти и 17-ти јануари, едена седмица по исламистичките напади во Париз, во кои животите ги загубија 17 француски државјани, и по масовните маршеви од 11-ти јануари за поддршка на слободата на изразувањето и против тероризмот, во кој на територијата на цела Франција се собраа околу 3,7 милиони луѓе.
Шефот на државата и премиерот, очигледно, се наградени за нивното управување со терористичката криза, смета Даби.
„Ова претставува редок феномен во историјата на барометарот на јавното мнение. Единствен сличен случај е Франсоа Митеран кој освои 19 поени во времето на Заливската војна во периодот меѓу јануари и март 1991 година“, вели претставникот на IFOP.
На прашањето „дали го одобрувате или не делувањето на Франсоа Оланд како претседател на републиката?“, 40 отсто од испитаниците одговориле позитивно, наспроти само 19 отсто во декември 2014 година. Бројот на оние кои не го одобрувале дејствувањето на францускиот претседател паднало на 59 проценти, за минус 21 поен.
На истото прашање во врска со работата на премиерот Мануел Валс, 61 отсто од анкетираните одговориле позитивно, што претставува скок од 17 поени, додека бројот на оние кои не го одобруваат неговото работење паднало за 16 поени, на 39 отсто./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин