Европа
Исламистички хакери го урнаа возниот ред на автобусите во Бристол
Исламистички хакери од Тунис го урнале во петок на интернет возниот ред на градските автобуси во британскиот град Бристол и на веб страницата поставиле исламистички пораки, арапска музика и црни знамиња, што предизвикало вчудовиденост и кај корисниците и кај самата компанија.
Интернет страницата наскоро била обновена и жителите на овој град во западна Англија повторно можеле слободно да го видат времето на поаѓање на локалните автобуси.
Компанијата „West of England Partnership“, којшто за градскиот превозник „TravelWest“ ја уредува интернет страницата, соопшти дека хакерите веројатно имале за цел некој друг интернет ресурс, а по забуна го урнале градскиот возен ред во Бристол.
Хакерската група којашто се именува како Darkshadow, Арапски безбедносен тим, на Facebook ја преземаа одговорноста за кибернетичкиот напад и се пофалува со други хакерски напади коишто наводно ги извела. Тврдат дека успешно се инфилтрирале на веб странците на воздухопловната компанија „Philippine Airlines“ и на мрежата на владата на Салвадор.
Се смета дека нејзините припадници се наоѓаат во Тунис и во Брегот на слоновата коска. Исто така, се верува дека тие имале цел да нападната интернет ресурс за големи масовни патувања во Европа и САД.
На социјалните мрежи веднаш се појавија и потсмешливи коментари за умешноста на туниските хакери. Еден корисник напиша „Оф драги, не можете да ја видите разликата меѓу распоред за локални автобуси и сајт за патувања. Патетично. Колку ве чинеше образованието?“. /крај/мф/сн
Извор: The Telegraph
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.