Црна хроника
За само еден ден во Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди
Во текот само на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и три со материјална штета, информираат од МВР.
Во соопштението исто така се посочува дека 25 возачи биле санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, додека 18 возачи биле исклучени од сообраќај бидејќи 15 од нив го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило, еден бил возач почетник и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол.
16 возила, пак, додаваат од МВР, се исклучени од сообраќај бидејќи 14 биле нерегистрирани и две технички неисправни. Санкционирани се и четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, двајца неправилно престигнувале и осум не користеле заштитен шлем.
Во текот на денот, освен возачите, санкционирани биле и 18 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и тројца поради тоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени биле 66 мандатни платни налози, додека исто така 65 возила биле подигнати со „пајак”, соопштија од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

