Македонија
(Видео) Груевски: Јас сум човек со принципи и достоинство, ако се согласев со барањата на Грците денес ќе беше поинаку
Експремиерот Никола Груевски ги негираше информациите изнесени од страна на грчкиот весник „Катимерини“, кој пишуваше дека уште во 2008 година Скопје го прифатило името Република Северна Македонија.
„Ова се јалови обиди на Власта. Сигурно ќе има повеќе. Тие се во кампања, ќе се изнаслушаме разни глупости и клевети. На сите им е јасно зошто сум по судови и зошто пред очите на јавноста ми се случува овој класичен прогон и се случува оваа тортура. Ако се согласев на сè што сакаат Грците, ќе се согласите дека сè ќе беше поинаку денес. Јас сум човек со принципи и достоинство“, рече Груевски.
„Катимерини“ пишува дека информациите покажуваат дека Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија уште во 2008 година, под услов да се вклучени признавањето на „македонскиот“ јазик и националност. Доверливата белешка под наслов „Што им треба на Македонците за да го решат спорот за името” од 29 јули 2008 година била испратена од тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, посочува „Катимерини“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

