Скопје
Граѓаните реагираат на неподносливата миризба и узурпацијата на просторот од Гиро Беко

Сендвичарата “Гиро Беко“ без дозвола го запоседнала просторот на пасажот под зградата, а поставила и оџак без соодветни заштитни филтри, заради што граѓаните од околните згради реагираат на миризбата што се шири од овој објект.
Инспекција на општина Центар, по пријавите изврши увид на состојбата и констатираше дека “Гиро Беко“ ги има затворено пасажите и поставено урбана опрема во и надвор од пасажот, без дозвола.
„“Гиро Беко“ нема ниту дозвола за оџакот, а силната миризба им пречи на станарите.
Сендвичарата нема изготвено ниту елаборат за заштита на животната средина.
Инспекција на општина Центар ќе донесе решение за отстранување на неправилно поставената опрема и оџакот на сендвичарата “Гиро Беко““, велат од Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)