Спорт
Oстварена првата олимписка норма за Македонија во спортско стрелаштво со можност за учество на олимписките игри во Токио во 2020 година
Од 1 до 15 септември 2018 година во Кореjа се одржува Светското првенство за стрелаштво во сите дисциплини Changwon – Korea. На првенството свој настап во дисциплината воздушен пиштол мажи – 60 имаше и Борјан Бранковски од Македонија, кој оствари висок резултат од 570 кругови и пласман на 66. место од 116 учесници.
„Постигнатиот пласман е најдобар во спортското стрелаштво во дисциплината воздушен пиштол 60, но и воздушна пушка мажи и жени постигнат на едно Светско првенство за Македонија на кое конкуренцијата е извонредно силна“, велат од стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје.

Големиот успех и исполнување на првата oлимписка норма за Македонија, и тоа повторно во спортско стрелаштво во олимпискиот циклус за учество на ЛОИ Токио 2020 година, велат од клубот е знак дека спортското стрелаштво е редовен учесник на олимписките игри, а овој успех, додаваат оттаму, немаше да биде остварен без поддршка на Македонската спортска стрелачка федерација, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, како и од страна на клубски тренер Јордан Тасевски, велат од клубот.
На ова Светско првенство покрај Бранковски, свој настап имаше и Јане Џингов, кој веќе има исполнето минимална олимписка норма со резултат од 602,6 кругови со пушка, кој му обезбедува учество на Младински олимписки игри 2018.

„За жал, на овој натпревар за него работите не одеа на добро со тоа што пред самиот почеток на првата партија од квалификациите при полнење на боцата се скрши системот за полнење на истата по што иако по направени напори за учество во втората квалификациска рунда, учеството на натпреварот за него беше неизвесно бидејќи од страна на сервисниот штанд на производителот feinwerkbau боцата му беше вратена пред самиот старт на квалификациите“, велат од клубот.
Но, и покрај проблемите, додаваат од „Стрелец“, Јане Џингов постигна резултат од 583,9 кругови, кој иако е далеку под неговите можности, сепак, беше повисок од минималната олимписка норма за учество на младински олимписки игри, која изнесува 580 кругови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Левандовски ке ја „жртвува“ платата за да остане во Барселона
Роберт Левандовски не сака да ја напушти Барселона и верува дека сè уште има вештини да остане барем уште една сезона.
Според денешните информации од каталонските медиуми, неговиот агент Пини Захави бил во Барселона за време на викендот и во таа прилика се сретнал со Џоан Лапорта.
Не е тајна дека Захави и Лапорта се во одлични односи, па Левандовски сакал да го искористи тоа за што поскоро да го дознае својот потенцијален статус, но и да порача преку својот менаџер дека е подготвен да прифати значително намалување на платата за да остане до летото 2027 година.
Кога Полјакот пристигна во Барселона во летото 2022 година како профилиран напаѓач и еден од најдобрите во Европа, тој доби огромна плата, која дури и растеше со текот на времето, па сега е убедливо најплатен во тимот, иако е и најстар.
Левандовски е под договор до јуни 2026 година и сака да потпише за уште една сезона со значително намалување на платата, што би можело да биде клучен чекор во преговорите со Лапорта.
Да потсетиме, Барселона сè уште има проблем со финансискиот фер-плеј, и не е во можност да сонува за скапи засилувања, а Левандовски ја прифаќа улогата од клупата и да биде план Б, зад Феран Торес.
Спорт
Зидан се договорил со Фудбалската федерација на Франција
Зинедин Зидан постигнал договор да ја преземе француската репрезентација, тврди фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Многу пати, познатиот фудбалер нагласувал дека негов голем сон е да ја води фудбалската репрезентација на Франција.
Сонот ќе му се оствари, бидејќи Зидан се смета за единствен наследник на Дидие Дешан на таа позиција.
Дешан веќе објави дека ќе се повлече од селекторската позиција по Светското првенство, и може да се каже дека Зидан е најблиску до селекторската функција.
Поранешниот светски и европски шампион со француската репрезентација во својата кариера го водеше само Реал Мадрид, со кого успеа да освои три последователни Лиги на шампиони, што никој друг не успеа.
Од 2021 година, кога се раздели со „кралскиот клуб“, во својот втор мандат, тој немал клуб.
Foto/ depositphotos

